И тоа заборавив.И јас сум на приватен, голем дел од работите ги нема... на студенски спрема тебе се супер, професорите да ти објаснат, да се најдат во пресрет, се секогаш тука, си седиме со нив, кафе си пиеме, со директорот исто, пракса имаме, што е важно, сега имаме еден професор кој дели, ама ајде, само поради него не чини целиот факс, се надевам дека во скоро време нема да предава веќе на нашиот факс, а и плус тоа професорите кај нас имаат многу големо знаење, и не ни раскажуваат лекциите, тоа е работа на асистентите, тие ни зборувааат за работи поврзани од тоа што го учиме, но од лично искуство, што е многу поинтереснои учебниците ни се на македонски јазик, фала богу...
![]()
Тоа е предрасуда. Цврсто зацртано им е тоа на луѓево и не сакаат ни да помислат дека би можело да е поинаку. Да не должам овде бидејќи не е темава за приватни/државни факултети, само еден пример ќе ти кажам. Имам другарка што некои предмети ги полага и по неколку пати, и во редовни и во казнени сесии. Се има оддадено од пари. И сè додека не седне сериозно да го загрее столчето, нема ни да положи.На приватен плаќаш за да те учат затоа и се јавуваат,прашуваат оти и они се платени за тоа,но тие студенти многу полесно поминуваат,за разлика на државните факултети.Плати и положи.
Не ги слушајте другите,ова не е кукање,ова е само суровата вистина за патот до академски граганин на Република Македонија.-Да немаш попуст на карти за културни случувања, а исто така да немаш и можност за хонорарна работа.
-Да се образуваш и учиш за испити, исклучиво од литература на друг јазик.
-Да бидеш жртва на нечија шизофренија, поточно секој семестар да фрлаш пари за работи кои не ги добиваш: хартија, копирање на учебници, услуги од студентски сојуз и многубројни измислици.
-Психички да те малтретираат искомплексирани професори.
-Да учиш, ама да паѓаш на испити.
-Да бидеш исто така жртва на нечија потреба за пари. Оттаму и мито и корупција.
-Уште еднаш, да си жртва на политички превирања и манипулации.
-Да си потценет и омаловажуван.
-Да имаш необезбедена и несигурна иднина.
-Да си тело преку кое може да се перат пари. Се извинувам, дали споменав жртва?
-Да учиш теорија, без пракса.
-Да молиш професори за консултации.
-Да чекаш резултати од прв колоквиум се до денот кога се полага вториот.
-Да патуваш од друг град само за да ти каже професорот да дојдеш друг ден.
-Да бидат нељубезни и неуслужни со тебе од студентски прашања.
http://www.fakulteti.mk/news/12-08-03/da_si_student_vo_makedonija_znachi.aspx
Јас потполно се пронајдов во текстов.
Koи од овие работи најмногу ве нервират ???
Продолжете ја листава......
-Да учиш теорија,без пракса![]()
![]()