Дали џентлмените се загрозен вид во изумирање?

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
944759_538208229584934_235077918_n.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Сара.13 and Gemini

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
нема да генерализирам зошто индивидуално е, она што за мене претставува џентлмен, за другите можеби не е, и обратно.
и не би сакала да именувам со „џентлмен“ повкусно ми е да го наречам културно однесување, ете тоа за мене е џентлмен.
не сакам да ми ја отвара вратата, да ми ја бакнува раката или да ми го трга столчето кога седнувам..доволно е да биде пристоен и да знае да се однесува, да не е нападен.
да знае да се однесува и кога е сам со мене и пред јавност, спонтано да прави работи кои ќе ме восхитуваат, мали ситници, гестови..
сето тоа треба да го поседува еден „џентлмен“.
и ко ќе го прочиташ сето ова, си викаш..ееј па и не се толку загрозен вид бе ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aquarius

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Првичното значење на џентлмен (gentleman) e човек од најнискиот ранг на високата класа во Англија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Violet

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Јас имам еден таков...и никогаш не би се помирила за ништо помалку...меѓутоа секогаш свесна дека треба да го очекувам повратното однесување на она своето. Не можете да барате џентлмени а вие да не се однесувате како дама. Впрочем , мислам и дека најубавото културно воздржано однесување , начин на живот, третирање на другите околку себе ги прави луѓето да се однесуваат кон вас џентлменски , дури и да не добиете секаде таков однос една дама треба да знае да се справи со тоа. Можеби овие поими се малку преценети и ние не живееме во новела на Џејн Остин но тоа не значи дека не можеме да се доведеме себе си до еден агол од кој ќе се разликуваме од масата по некакви квалитети. Јас стално велам , за да промените нешто , прво треба да почнете од себе си.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не се изумрени, сменет е контекстот во кој егзистираат. И џентлменството треба да еволуира.
Џентлменство од филмови со Колин Фирт или книги од времето на Џејн Остин... е минато.
 

Violet

Полноправен Член
2 март 2014
32
40
18
40
рајска градина
Да не постојат може само да каже некој што ги бара на погрешни места. Има фини машки и женски што не мора да се како на старовремски филмови и шпански серии ама се културни и со манири. Маж ми е културен и со мене и со други луѓе и е забавен кога приликата дозволува.
Таков и сакам, без крајно пример да е уфилман и здрвен или багабонт.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
има џентламени нема кој да ги препознае :) и обратно исто важи и за женскиот пол ;)
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Има има секако кога имаат (сексуална) корист џентламени ипол ќе бидат. :) Ама инаку мислам дека ни самите тие не знаат што значи зборот џентламен не па да го преминуваат. Уствари и добро прашање би се формирало ама само за маживе.
Што за вас е џентламен?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider