Да бидам искрен, до пред неколку години речиси и не донирав на овие телефонските броеви што се, што земаат по 100 денари. Како и многу други на форумов, верувам, така и јас немав доверба каде се влеваат тие пари и кој ги троши. Но за несреќа, пред 2 години се случи еден од таквите повици за донација да е за моја многу блиска другарка, на која и’ беше дијагнозирана болест на крвта, и за чива операција (трансплантација) во Берлин и’ беа побарани над 100.000 евра... Е, тогаш додека траеше акцијата, донирав сигурно над 20 пати, а и општо, да се изразам така, „спамирав“ по други луѓе да донираат ако можат, зашто не ни сакав да помислам што ќе стане ако акцијата е неуспешна и не се соберат парите. На крајот, парите од акцијата, комбинирано со тоа што нејзините ја продадоа фамилијарната кола и еден стан (имаа два) се покажаа како доволни, па еве, доколку се’ е во ред, се очекува есенва конечно да си дојде во Скопје, дома. 
Тоа воедно ми беше и како пресвртна точка во поглед на таквите акции, и оттогаш донирам секогаш кога ќе видам повик за донација, доколку имам кредит/пари - едноставно не штедам на тоа. Така и ми е помирна душата, и на некој начин се „оддолжувам“ на сите што помогнаа во акцијата за другарка ми.
Освен тоа, отсекогаш редовно сум оставал пари во супер-маркетите што имаат кутии за СОС детските села и сличните организации, а и на Ромчињата што шетаат по улици им давам некои 10-20 денари - за возврат барам само да ми ветат дека нема да ги потрошат на лепак, иако знам дека пола од нив велат едно, а прават друго.