Дали технологијата е убиец на реалноста?

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Ова е повеќе филозофска тема отколку психолошка, ама феноменот наречен „хиперреалност“ зема се` поголем замав и во човечката психа, не прави несигурни и параноични, да патиме од константната потреба за претставување на лажна слика пред останатите (особено на Фејсбук), и бомбардирани од медиумските бомби да почнеме повеќе да веруваме во рекламите отколку во реалноста (нивната спротивност).

Симулирањето на секојдневниот живот и моралните вредности преку медиумите доведе до искривување на правилната перцепција на реалноста, па дури и историјата и политиката. Јадеме се` што медиумите ќе ни сервираат, и најтрагично, се` помалку и помалку се сомневаме во неточноста на огромниот број информации што денес ни се подостапни од било кога.

Kaко вие се носите со ова бреме? Жртви сме на хиперреалноста или не? Дали навистина реалноста е мртва, а ние ја убивме?
 

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
Компјутеризација, дигитализација, комплекси, ниско самопочитување, капитализам... главни виновници за овуј појаву, наречену хиперреалност. :)
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
ама феноменот наречен „хиперреалност“ зема се` поголем замав и во човечката психа, не прави несигурни и параноични, да патиме од константната потреба за претставување на лажна слика пред останатите (особено на Фејсбук)

Kaко вие се носите со ова бреме? Жртви сме на хиперреалноста или не? Дали навистина реалноста е мртва, а ние ја убивме?

Првиот болд: Што е бре ова со фејсбук? Како тоа на преден план се става виртуелноста, како главен двигател за нечие преставување..Ма немој, порфавор. Додека се залажуваме дека сме различни, само го јадеме стапот...дел по дел. Или на нашки...Фејсбук ни е*а мамата! Потребата да се прчиме на најдостапниот начин...тоВа е!

Вториот болд: Не, реалноста е жива повеќе од кога и да е, само човечкиот домет на перцепција се скрати благодарејќи на потребата да живееш во картонска кутија. Подалеку од носот да не си видиш, да блееш во она кое стасало до тебе на полесниот начин, да те мрзи да истражуваш...Тоа е страшно, те претвара во ментално хендикепиран дембел.

Помалку или повеќе не зафаќа сите.
Муабетот е колку самоуверено ќе даваш отпор...
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Технологијата не е убиец на реалноста. Технологијата е еден вид на реалност. Со технологијата не се поттикнува креативност туку едноставно се упростуваат дадени операции. Интернетот и таквите мити ствари ја упростуваат операцијата да си го издигнеме своето алтер его. И на крај, ако сме робови на технологијата, ако правиме една работа повеќе од друга, не е ли тоа веќе реалност?
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Ова е повеќе филозофска тема отколку психолошка, ама феноменот наречен „хиперреалност“ зема се` поголем замав и во човечката психа, не прави несигурни и параноични, да патиме од константната потреба за претставување на лажна слика пред останатите (особено на Фејсбук), и бомбардирани од медиумските бомби да почнеме повеќе да веруваме во рекламите отколку во реалноста (нивната спротивност).

Симулирањето на секојдневниот живот и моралните вредности преку медиумите доведе до искривување на правилната перцепција на реалноста, па дури и историјата и политиката. Јадеме се` што медиумите ќе ни сервираат, и најтрагично, се` помалку и помалку се сомневаме во неточноста на огромниот број информации што денес ни се подостапни од било кога.

Kaко вие се носите со ова бреме? Жртви сме на хиперреалноста или не? Дали навистина реалноста е мртва, а ние ја убивме?
Реалноста е онаа која што постои независно од нашите гледишта. Не можеш да ја убиеш реалноста, можеш само да ја промениш својата перцепција за она што е реалност. И ова со фејсбукот ти е тотално промашување на темата. Реалност и хиперреалност ги поврза со фејсбук? Колку што јас знам под хиперреалност се подразбира неможност да се разликува реалноста од некоја замислена или симулација на реалност, но не мора баш со фејсбук да се поврзат. Ова постоело многу пред фејсбук.
 

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
32
Teхнологијата е толку достапна баш за таа намера. Да се скапе дома,да се седи пред ПЦ,човекот да го изнесува своето незадоволство само преку интернет,бидејќи нели,веруваме дека само таму имаме право на слободен говор. Масовна контрола во удобноста на својот дом. Можеш се да правиш дома,да играш игри,да гледаш филмови,да си праиш журчиња,да си купуеш преку нет,дури и најосновни продукти,па да ти ги донесат до дома,и да станеш мрцина.
 

Violet

Полноправен Член
2 март 2014
32
40
18
40
рајска градина
Ние сме убици на реалноста а технологијата само оружје. Телевизорот , компјутерот и мобилниот не стојат со нож над глава да ги користеме него ние сме тие шо се опседнати секој момент да го споделиме и да не пропуштеме кој што правел.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Outrider

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Па сведоци сме еве ,нели е убиец ?!
Пак ние сме го донеле тоа против самите себе, за као подобра иднина по функционална , финансиски интереси итн ...