Дали сте задоволни од нашето здравство?

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Можев и јас за Пежото да се:giggleама се воздржав:cenzura
Нема никој здрав што во моментот кога ќе го има животот на најмилиот на конец ќе отиде во МВР или ќе викне новинари, ако докторите што треба да интервенираат треба да се тинтрат. Не мила... никој не размислува така... сите се обидуваат да си го спасат животот. Минути се во прашање, а додека дојде Латас години ќе поминат.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Еве пред некој ден еден поп кажуваше дека жена му, одела на редовни прегледи кога била трудна, и било кажано дека со плодот е во ред и дека носи нормално дете, а детето се родило без рака. Цела една рака не виделе дека фали кај бебето.
Епа Хоуп, што толку се чудиш па и ти. Тоа јас да застанам да гледам... не само што рака нема да видам... ништо нема да видам.
Еве уште ја гледам сликата од ехо што ја имаме... и јас бебе никаде не гледам... е такви се и тие неуки...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Хоуп*

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Нема никој здрав што во моментот кога ќе го има животот на најмилиот на конец ќе отиде во МВР или ќе викне новинари, ако докторите што треба да интервенираат треба да се тинтрат. Не мила... никој не размислува така... сите се обидуваат да си го спасат животот. Минути се во прашање, а додека дојде Латас години ќе поминат.
Абе каде реков дека во моментот на интервенција ти треба да трчаш во МВР?
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
На Жалост и од искуство, бадијала не сум дива, подивувам кога ке видам некои работи кои не се како треба.
Ти си имала среќна околност што си добила таков добар тим. Прочитај ги сите тука што пишале за тоа каква е всушност реалноста по државниве болници.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Некаде 97-98ма зимата, лежев во Козле. Едвај забаваче.
Дете на тие години не знае само да се храни ко што знае возрасен, ниту да си намести вода во тушот (кој патем е превисок за докачување), ниту па да се побуни ако нешто не му чини.
На мајка ми не ѝ дозволија да е со мене. Наводно немало кревети.
Истата таа мајка, гледала низ стакло како се мачиме и ги молела да ни помогнат пошто буквално изгладнавме, бар јас само супа можев од нивното јадење. Нормално, морала да поткупи сестра за да ми обрне некакво внимание.
Ќе ни фрлеа една лажица супа и некои лепчиња, па снаоѓај се со лажицата, поголема од цела твоја дланка. Само, преплашено дете, прв пат одделено од мајка, страв ти е да прашаш за помош пошто ти се дерат и не им е гајле дали водата те смрзнала или попарила, па згора на тоа и сите намирници ни ги крадеа од шкафчето. Бевме 4 девојчиња, од 6 до 14 години, сите болни, со слаб апетит, мајките секој ден ни носеа смоки, ресани, сокчиња, итн., а ние само паковките со очи што им ги видовме.
Така си минале 10ина дена, додека не се нашла поткупената сестра да ѝ каже на мајка ми дека ме држат со обичен бронхитис за да пополнат кревет, и да ме ваѓа што е можно побрзо, дури не сум закачила бактерија од која ќе треба да останам 2-3 месеци таму.
Кога отишла кај докторот да го замоли за отпусна пошто не можела секој ден да иде, а паралелно ја чувала и баба ми, штотуку опоравена од мозочен удар, тој инсистирал дека мора бар уште недела да ме лечат, ама дал сугестија дека во Куманово имало добар суџук! Пази, суџук! :D
Фино, си зело мајчево 2 кг. суџук и едно виски... абе сама се напишала отпусната наредниот ден.
Речиси излечено било детево, можело дома да се долечи. Чудесии, слава му суџукова!

Ако ви е од утеха, тогаш СДСМ биле на власт. Сфаќате дека се критикува кадарот што е неписмен и што добил дипломи благодарение на исите вињаци и колачи кои сега ги очекува од пациентите?

Годината сега е речиси 2016та, јас од 2005та некаде се борам со проблеми.
Пишував скоро на друга тема... јас уште не налетав на лекар кадрен да открие што се случува со мојов организам.
Си префрлаат топка, летаат со мозокот дури им објаснуваш, откриваат топла вода... а лек ни за лек. :D
Ништо не се сменило. Сега само може и ајфони да подаруваш наместо виски.

Кај кого да се жали човек? На што повисока функција е некој, тоа поскапи подароци треба да му однесеш само за да те сослуша.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Наместо во МВР побрзо ти беше до продавница по виски и бонбониери, такаа!??Дај молимте ..и после пораѓај нема потреба да станува ниту да се бања.
Ееееееее браво...пари, виски, подароци..после цацко ни е крив...мито и корупција во здравство па и во судство, друга тема..сам си крив, знаеш дека има пријава за мито и јавно ке бидат обелоденети, ама кој да оди во МВР, научени од постарите со такви обичаји,Македонски синдром останат од Албанците кои први ги подмитуваа а и ги научија докторите на такви навики за мито.Ја познавам милиони случаи каде и сиромави луѓе, не како тебе што можат да си приуштат и Пежо да поклонуваат, се породиле лесно, без проблеми и без никакви надоместоци.
..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аркантос

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Епа Хоуп, што толку се чудиш па и ти. Тоа јас да застанам да гледам... не само што рака нема да видам... ништо нема да видам.
Еве уште ја гледам сликата од ехо што ја имаме... и јас бебе никаде не гледам... е такви се и тие неуки...
Тие му рекле ова не е бебе, тука нема бебе. Отпосле кога се породила жената дознале дека има бебе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аркантос

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
не е секаде со мито, верувај..постојат и добри доктори, добри хумани сестри, имаааааааа..
Сигурно постојат не викам не, во Канада и Германија. Овде постојат пијандури кои оперираат, слепци кои не гледаат рака од дете, некои лудаци кои не даваат јадење и оние кои не знаат што лек да ти дадат.