Немав намера да се расправаме, далеку е од тоа, само интересен ти е начинот на размислување, ај да не речам ептем детски
Мислам дека ниту еден човек не може 100%да се пронајде себеси, секогаш ќе има чувство дека нешто му недостасува, понекогаш да се чуди на свои постапки, сам себе да не се препознава во дадени ситуации.....
Кога ќе бидеш расположен за пишување, кажи ми нешто за духовноста, која многупати ја спомнуваш
Анализирани биле 100тици мажи и жени, правени им се неколку разни психотестови и резултатите од сите тие анализи се дека ние луѓето имаме проблем со рамнотежата,т.с. со внатрешниот баланс помеѓу работата и фамилијата, пријателите и обврските, времето посветено за свои и за туѓи задоволства идр. и веројатно тука некаде се забораваме и губиме.
Па не гледам лошо во размислување детски. Глупост е кога нашиот животен век го делиме на бебе - дете - пубертет,тинејџер - возрасен - старец итн.
Треба секој да размислува онакако како му е најлесно да размислува и најзабавно, а не наполнил 24 години и сега треба поозбилно да размислува и поозбилно да се однесува. Тоа се глупости. Секој е дете во себе, само што сите го прикриваме тоа, затоа што нели ке ни се смее околината, ке бидеме критикувани од колегите или од личности на форум, од своите мајки .. ?
Точно е тоа дека имаме проблем со внатрешниот баланс, затоа што и ова исто така ни е наметнато од традицијата, еве ов за работата и фамилијата по цел ден си окупирана со работа каде ти доаѓаат секакви луѓе со секакви проблеми, на крај одиш дома да се одмориш но не можеш бидејки традицијата и религијата ти викаат бадник е мораш неколку саати да седеш на маса од која не смееш да станеш дур се јаде, притоа јадејки мртво животно иако оној во кој сите веруваат и се крстат им рекол да не убиваат ...
Па имаш неколку контрадикторности во овој пример само, како после ова да бидеш мирен одвнатре. Во ред, ти свесно ке се натераш да бидеш мирна, но дали и потсвеста така разислува е прашањето, дали таа може да ги истрпи последиците од ова?
Кога свеста и потсвеста ке ти се изедначат те следува мир.
Исто така и за пријателите и обврските, па денес луѓето од толку работа немаат време за себе си а камо ли за пријателите, те напињаат они, се напињаш и ти да се видете на кафе, но ете обврските не ди дозволуваат и тоа за некоја сума пари и без која исто така можеш да преживееш, но ке имаш баланс.
Душата наша не разбира дали ти си бебе или баба од 90 години, таа е млада и секогаш ке размислува на ист начин, дали ние тоа ке го прифатиме, камуфлираме или одбиеме, тоа е така и така и ке остане.
Не барај докази за ова бидејки ова е од онаа духовната страна, не може да биде материјализирана и опишана со зборови, туку може да се почувствува.