Дали со годините се повеќе се приближуваме или се оддалечуваме од она што сме во суштина

misti.diva orhideja

Член со 30 казнени поени
10 јануари 2017
262
195
43
Последниве неколку години се запрашувам себеси дали јас негде неприметно сум се загубила на мојот животен пат, сум се оддалечила од тоа која сум всушност правата ЈАС, од мојата оригинална верзија:unsure
Дали ова прашање што ме мачи мене сте го помислиле и Вие или станува збор за време на кризни години кога не сте задоволни од постигнатото во животот или кога се каете од недоволно искористените шанси кои ви ги пружил животот!?:unsure
Можеби па човекот треба цел живот да биде во потрага по себе:^)
Има ли некој што ја разбира оваа филозофија на живеење?
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

BioTrpe

Истакнат Член
29 октомври 2015
252
173
143

Toчно така, со тек на времето се губиме тие оригиналните ние.
Знаеш зошто? Затоа што секојдневно ви се наметнуваат секакви глупости преку телевизијата, школото, црквата и се оддалечувте од вас.
Јас верувам дека секој од нас е дојден тука со некаква мисија, секој различна, но ете, сите одбираме да ги следиме трендовите наметнувани од другите.
Потсети се што каква си сакала да бидеш кога си била ептен мала.
 
misti.diva orhideja

Член со 30 казнени поени
10 јануари 2017
262
195
43
Toчно така, со тек на времето се губиме тие оригиналните ние.
Знаеш зошто? Затоа што секојдневно ви се наметнуваат секакви глупости преку телевизијата, школото, црквата и се оддалечувте од вас.
Јас верувам дека секој од нас е дојден тука со некаква мисија, секој различна, но ете, сите одбираме да ги следиме трендовите наметнувани од другите.
Потсети се што каква си сакала да бидеш кога си била ептен мала.
Кога сум била мала знам дека сакав да бидам многу нешта и како растев, отфрлав по малку од сите тие маштарии, увидував дека не се пронаоѓам во ништо од сето тоа...но многу години поминаа а јас се уште не се пронајдов, напротив се оддалечив сама од себе, не се препознавам кое е моето право светло..уфффффф, некогаш мислам дека сето тоа се должи на некои кукавички однесувања, на обиди да правиш добрини на другите, да измамиш насмевка или пофалба од други особи, разни лажни постапки за разни други особи, вадев од себе за да дадам на друг..и сега:(
неможам да ја најдам таа коцка во мојот животен мозаик, се уште трагам по себе:(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Godinite koi doagjaat nosat zrelost i se poblisku sum do toa sto sum jas. Propustenite shansi ne gi analiziram zasto znam deka moite izbori se napraveni najdobri vo toa vreme.Mozebi ne najprakticni ili egocentricni no sepak najdobro mi ja karakteriziraat prirodata na sopstvenoto jas. I sekoj den se poveke se priblizuvam na sebe si i na sopstvenata misija na zemjata. Kolku i da e taa misija pogreshna procenka za nekoj drug , za mene e vistinska i me karakterizira mene kako licnost .Ednostavno si gi prostiv greshkite na sebe si i se trudam da go pominuvam vremeto najdobro sto mozam. Skromnosta e sekogas odlika na golemite lugje i se pridrzuvam sekoj den na toa.
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Не можеме да се спознаеме себеси додека единствено се доживуваме како дел од општеството. Треба перцепцијата да погледне многу зад статусот, епитетот, кариерата наша, здравјето, материјалната состојба, омилените филмови и музика, и така натаму. Да се спознаеш себеси ти треба тишина, ти треба контакт со внатрешното јас. Треба да се заборави на се што од надвор те обликувало.
 
Coccinella

Староседелец
5 август 2016
19
11
1,003
Како знаете дека тоа што станувате со тек на годините не сте вистинските вие? Од каде сте сигурни дека ја губите оригиналноста а не ја надградувате?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Falanga

misti.diva orhideja

Член со 30 казнени поени
10 јануари 2017
262
195
43
Како знаете дека тоа што станувате со тек на годините не сте вистинските вие? Од каде сте сигурни дека ја губите оригиналноста а не ја надградувате?
Незнам како најубаво да ти ја објаснам оваа моја состојба, тешко е да се објасни, само знам дека сум се изгубила некаде барајќи ја мојата оригиналност или сум ја заборавила, дали воопшто сум ја имала, чувство на неискористена енергија..хмммм, не сум надградила ништо, повеќе се осеќам како почната и оставена карабина....
Сонување и трчање за некои сонови за иднина, кои воопшто не ми се совпаѓаат со сегашноста.
Убаво кажа @malo, треба да ја најдам внатрешната ЈАС и да видам кои се надворешни фактори ме преобликувале и да се надевам дека не е касно ако треба(а се надевам дека нема да има потреба)од примена на драстични мерки за промена:)
 
Falanga

Истакнат Член
10 април 2016
350
293
173
42
Како знаете дека тоа што станувате со тек на годините не сте вистинските вие? Од каде сте сигурни дека ја губите оригиналноста а не ја надградувате?

Не постои оригиналност на личноста. Не можеш да се сметаш за оригинален на 16 годинша возраст на пример зошто тогаш си десетина личност од она што ќе бидеш на 40 години на пример. Личноста се гради секоја година, реагира на фактори. неосновани фантазии во младоста не се доказ за никаква оригиналност, желби кои не се бориш да си ги исполниш не се оригиналност.

Сонување и трчање за некои сонови за иднина, кои воопшто не ми се совпаѓаат со сегашноста.

Баш за тоа зборувам. Кога ќе си ги постигнеш соништата тогаш ќе станеш оригиналната ти. Додека си во потрага не си ни таму ни ваму, ни на небо ни на земја. Кога ќе постигнеш душевен мир и задоволство од себе си тогаш би била тоа правата ти, тоест оригиналната. За оригиналноста на личноста треба да се зборува во иднина, зависи кој колку е возрасен, претпоставувам ти си млада.

Убаво кажа @malo, треба да ја најдам внатрешната ЈАС

Good luck with that :)

Јас сум секогаш јас, заедно со моите метакарактеристики. Често се менуваат желбите, често се менуваат опасностите, често се менува методологијата за постигнување на целите. Јас ќе бидам јас тогаш кога ќе можам да напишам интересна автобиографија, претпоставувам во раните 60-ти, под услов да ги доживеам толку.
 
BioTrpe

Истакнат Член
29 октомври 2015
252
173
143
Не постои оригиналност на личноста. Не можеш да се сметаш за оригинален на 16 годинша возраст на пример зошто тогаш си десетина личност од она што ќе бидеш на 40 години на пример. Личноста се гради секоја година, реагира на фактори. неосновани фантазии во младоста не се доказ за никаква оригиналност, желби кои не се бориш да си ги исполниш не се оригиналност.
Фантазиите во младоста ни се наметнати, пример детето не може да фантазира да биде полицаец доколку не гледал филмови или ги сретнувал на улица. Личноста која со тек на годините се гради и талка за пронаоѓање на самиот/самата себе талка во погрешен правец, бидејки како што реков оригиналните ние сме дури сме млади и сме продолжиле по тој пат, со тој дух кој го носиме. Само децата се искрени, не знаат да лажат, манипулираат, ги сакаат животните и природата, главата не им е натрупана со безброј непотребни работи за кои ние возрасните фантазираме да бидеме или да ги имаме некој ден. Потребно е отварање на духовноста а затварање т.е. намалување на материјалноста и егото кај нас. Тоа се постигнува со медитација, промена на начинот на исхрана, отфрлање на сите епитети кои сме ги стекнале со тек на времето, сите навики, традиции, обичаи, вери, политики,образование и така натаму. Бидејки човекот кога е облечен до шија и само очите му се гледаат, тогаш не можеш да дознаеш каква боја има на кожата, туку само ако е гол, така да треба да се соблечеме од горе наведените поими, и да се продуховиме за да се спознаеме.
Малку се испомешав во мислењево, ама такво е и времето надвор ..