Дали некој направил нешто романтично за вас?

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
no-meme-rage-face.jpg
Не лажи,лично имаме видено како foREVer е била романтична со тебе :D
ептен ако имаш различна перцепција за романтика :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ночной охотник

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
(nod) Последно сега пред некој ден за мојот 31ви роденден.
Имавме забава со сите пријатели во дворот, останавме до многу касно. Неа често ја немаше. Јас мислев се качува дома, за чаши, флаши, и триста чуда. Мене ми ја бувна гитарата, за да се заборавам и да не се качувам горе воопшто. Го искористила периодот во помош со сестра ми, ја уредиле собата.
Направила клипче во кое имаше наши слики, некои нејзини зборови, моите омилени песни.
Кога влегов внатре, ми рече ќе оди да ја извади шминката ако сакам да го пуштам телевизорот ставила филм за да гледаме. Клипот беше потпишан Unknown и ни на крај памет не ми текна дека е нешто такво, мислев е филм. Пуштам јас... и имаше што да гледам :)
Дојде во соба после 7 минути - доволно за јас да го изгледам филмот, облечена само за мене, со поклон во рака.
Кога го отворив имаше малечко стаклено срценце полно со вода, а во него нејзиното моето и имињата на дечињата.
Малку фалеше да се расплачам :)
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
До сега освен ружи во дискотеки, никој ништо поромантично немаше направено за мене.Се до неодамна кога некој ми подготви едно романтично изненадување. Цела соба беше со околу 30тина свекички,имаше пуштено тивка бавна музика, на масата имаше две пици,прибор , две чаши и црвено вино.... реакцијата ми беше wooow зарем мене некој вакво нешто да ми спреми ... :nasmevka

Споделете искуства,може нешто и да научиме,да украдеме некоја идеја :giggle
Ружи по дискотеки и ресторани..
Колку неромантична идеја..аааа..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and Arkantos

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Одамна беше, ми подари касета со снимени песни кои ги свиреше на гитара и со негови текстови напишани само за мене. Се уште ја чувам .
 

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Да, од пред 1 минута- "И немој никако да зимаш сапун ТЕО од бреза за у Охрид, морам да мислам за се" :sram Жени...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Реми

rain-bow

Истакнат Член
21 ноември 2014
174
79
338
Се што тој направил за мене ми е романтично. Тој често знае да направи ситници кои мене ми се преубави и премногу ми значат. Дури и чоколадо коа ќе ми купи мене ми е романтично, вероватно зошто не сакам преголеми патетики и што знам изјавувања љубов на јавни места, купување ружи во ресторан коа ќе пројде онаа теткана, тоа некако не ми е баш романтично.