Дали некој направил нешто романтично за вас?

Glorry

Истакнат Член
14 февруари 2012
262
369
63
Се потруди да направи вечера романтична со свеќи ама не само што изгореа шпагетите и моравме пица да порачуваме,туку за малку станот ќе го запалеше :giggle
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gabriela

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Пред да заминам во странство на 4ипол месеци, дечко ми цела дневна и неговата соба ја имаше прекриено со свеќички и неговиот кревет со листови од ружа :trepka И на масата со свеќи имаше формирано I <3 U :sram Иначе, ептен е романтичен, па дури и она што ми го кажува секојдневно за да ја искаже својата љубов, за разлика од мене, ептен сум тапа, што би рекла јас hopeless romantic :giggle
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Ми пушти спот од Бритни Спиарс додека бев во блага депресија...Оној во кој се дави во кадата, одма ми дојде поарно љуби га дада :sram :giggle

Што знам, јас не се ложам на овие стандардни амерички идеи за романитика: рози во кревет, свеќи, Бруно Марс и неговата пукната граната у фаца у позадина...Либенце мој го знае тоа и го почитува, најмногу зашто и него му одговара.
Мислам дека и двајцата ја поседуваме онаа романтичка нишка во доволни граници, за да бидеме разлигавени онолку колку што навистина можеме да поднесеме.

Пиев некои антибиотици и, пред неколку дена требаше да дојдат пријатели кај нас на гости ( бидејќи заедно живееме) и јас онака на зезање му викам: „ Што вие утре ќе пиете, јас ќе ве гледам? “
И утре дента си доаѓам од работа и наоѓам писулче залепено на фрижидер.: „ Извади го виното од внатре да постои на собна температура “.
И нели јас отворам фрижидер и внатре една голема правоаголна кутија со чери бонбони и залепено ливче на нејзе: „ За да не се чувствуваш запоставено, потребно ми е да ме следиш во секој чекор.:))) “

Се изнасмеав. И убаво ми дојде на душичката, а богами и румот од бонбоните.
Нашата романтика е во некој таков зајадливо-комичен стил....и ми се бендисува :pusi
 

WomanInRed

Староседелец
15 февруари 2012
1,324
3,218
1,123
Никој досега, а многу сакам некој да ми приреди изненадување. :(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sugar

Deep Red

Нов член
25 февруари 2012
23
30
3
Битола
На денот кога требаше да славиме 3 годишнина, ме изненади со голем букет и големо мече, ме однесе во ресторан каде предходно со договорил кога ке стигниме да ги затемнат светлата, запалија три црвени свеќи на нашата маса и клнерот дојде и пред нас отвори шампањ . . . премногу бев изненадена бидејќи мојот дечко не е романтичар во душата . . . <3 my boyfriend . . .(happy)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Mila Kunis