Секогаш собирам сила за да не заплачам, имам толку многу причини да плачам, но јас не покажувам слабост пред луѓето, незнам зошто но во јавност несакам да ме видат расплакана. Секогаш сум насмеана пред пријателите, плачам кога сум сама. Бидејќи кога сум тажна несакам да ме опсипуваат со милон прашања од типот: Што ти е ? Што се случи? Зошто си тажна? Зошто плачеш?
.
Ке раскажам една случка која ми се случи во јавност да заплачам ( неможев да се приберам)
- Се случи на свадбата на мојот братучед. Цел ден ми беше наопаку, неможев да се подготвам како што треба, ми се изнаслучуваа и многу др работи, а јас сама едноставно неможев, ми беше потребна поддршка од некого , но јас бев сама
. Но тоа не беше причината за да заплачам, туку помислата дека се ќе беше поинаку доколку имав мајка
. Се во животот ќе беше полесно само таа да беше покрај мене. Ги гледав така многу девојчиња со своите мајки а јас бев толку осамена, и така едвај се прибрав, ме забележа мојата прва братучетка и ме праша што ти е , а јас само се насмеав и реков дека сум многу среќна за братучед ми од среќа плачам, така ги избегнав сите прашања.