Не е црно - бела тема, како името на форумов наш
.
Во западниве земји, каде што има работа речиси за секого има криминалци кои прават злосторства од секаков тип. Во земјите во кои има највисока стапка на криминал, има луѓе кои се поштени и сами си го заработуваат лебот чесно. Кога направија студија и двајца еднојајчани близнаци ги разделија на различни страни на светот, ги воспитаа на различни начини, се покажа дека тие ги сакаат речиси истите работи, меѓутоа различно се однесуваат со нив, различно се научени да ги добијаат и различно ги сфаќаат и перцепираат предметите. Јас би рекла дека е комбинација - генетски код + околина. Не е се секогаш до образованието, терористот одговорен за Бостонските напади сега брзо беше дипломиран на електро факултет. Можеби има некоја жичка во човечкиот мозок, а од околината зависи дали таа ќе стане отскочна даска за криминал или пак човекот ќе чувствува само нагон, меѓутоа нема да превземе ништо околу тоа. Помислувањето на криминал и правењето на истиот се многу различни.