Бебето не бира кога ќе е гладно, а не може да се затвориш дома постојано и само да чекаш да заплаче за да доиш, па нема зошто да пречат жени што културно ќе најдат место да си дојат покриени и без некакви атеншн хор потреби.
Сосема нормално и природно е. Дури и срам да те фати сељачана кога ќе зазјапа во таква мајка, па на кутрава ѝ паѓа незгодно, мислиш криминалец е.
Ама затоа ми иде да се расфрлам шамари по оние што мислат дека само тие се мајки со Бебе Исус, позлатени вагини и гради од кои тече света вода, и дека сиов свет треба да се прилагоди спрема нивните потреби. Па топло му било демек на бебето, намалувајте клима, па донесете ми чаша со две коцки лед, лимон и капкалка за бебето, па прозор отворете ми, па окупира три маси оставајќи количка сред пат, без гајле си вади цицка сред ресторан/кафич, го лупа бебено на неа ко да е партал, и си го гледа соговорникот во очи дури овие пробуваат да се однесуваат ко цицката да не им е во видно поле. А, не се ретки ваквите, за чудо.
И после ти упаѓа со она дека таа е мајка и дека ѝ е дозволено било што пошто најдобро се грижи за своето бебе.
Мене ми е реално смешно тоа ставање на пиедестал, демек жена, мајка, краљица (уби Боже изразов), не знам, светости, ау-бау, Семе Синапово стаф. Не си ни прва, ни последна што се оплодила, нема зашто да се издигаш од земја за посебни (лични, не за бебето) привилегии.
И чисто пријателски, Дејви, нема да те убие ако напишеш подолг вовед по темиве. Бар дај свое мислење, да се добие некаква основа за дискусија.