Дали жената треба да дои и во јавност или само во приватност?

Дејви

Член со 30 казнени поени
10 март 2016
304
185
43
Па, би сакал да ги видам и двете мислења во дебатава.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Loner

Savana

Нов член
11 март 2016
5
15
3
Јас сум за доење во јавност, немам проблем ако му е време на бебето да се дое, си наогам место да си седнам, се покривам и го дојам, градата не ми е извадена, не ми се гледа, осетлива сум за другите во околината, ама сметам дека е важно да се ослободиме од предрасудите во врска со доење во јавност. Во последно време бебето сака да е тишина, ако некој е околу на, тешко се доиме зашто сака да види се што се случува околу него, па мора да си барам место каде ќе бидеме сами за да си се најаде на раат бебушка.
 
Последна промена:

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
И јас сум за, не гледам ништо лошо во тоа да се дои бебе во јавност и многу ме нервираат коментарите дека било одвратно или непристојно... Тоа си е природна работа, бебето има право да добие храна секогаш и секаде каде што му е потребно и мајката има право да му го овозможи тоа.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Бебето не бира кога ќе е гладно, а не може да се затвориш дома постојано и само да чекаш да заплаче за да доиш, па нема зошто да пречат жени што културно ќе најдат место да си дојат покриени и без некакви атеншн хор потреби.
Сосема нормално и природно е. Дури и срам да те фати сељачана кога ќе зазјапа во таква мајка, па на кутрава ѝ паѓа незгодно, мислиш криминалец е.
Ама затоа ми иде да се расфрлам шамари по оние што мислат дека само тие се мајки со Бебе Исус, позлатени вагини и гради од кои тече света вода, и дека сиов свет треба да се прилагоди спрема нивните потреби. Па топло му било демек на бебето, намалувајте клима, па донесете ми чаша со две коцки лед, лимон и капкалка за бебето, па прозор отворете ми, па окупира три маси оставајќи количка сред пат, без гајле си вади цицка сред ресторан/кафич, го лупа бебено на неа ко да е партал, и си го гледа соговорникот во очи дури овие пробуваат да се однесуваат ко цицката да не им е во видно поле. А, не се ретки ваквите, за чудо.
И после ти упаѓа со она дека таа е мајка и дека ѝ е дозволено било што пошто најдобро се грижи за своето бебе. |-(
Мене ми е реално смешно тоа ставање на пиедестал, демек жена, мајка, краљица (уби Боже изразов), не знам, светости, ау-бау, Семе Синапово стаф. Не си ни прва, ни последна што се оплодила, нема зашто да се издигаш од земја за посебни (лични, не за бебето) привилегии.

И чисто пријателски, Дејви, нема да те убие ако напишеш подолг вовед по темиве. Бар дај свое мислење, да се добие некаква основа за дискусија. :)
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Сосема ве поддржувам , таков ни е погледот наш околу еве таквата пракса , нема дилеми околу тоа дали е ок или не е , нормално дека е ОК !
Само не е ок на тате ако му се пријаде тоа да биде кај што ќе сака ! (wave)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Savana

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Јас си го доев малиот кај што ќе посакаше, на гости, во парк, во кафуле...
Фино лепо ќе си се повлечев некаде или ќе се завртев со грб, ќе си го надојам и готово...
Нема потреба до устручавање, нити пак правење случај од тоа...
Мене особено кога го доев надвор ме нервираа погледите од стринки во годинки, кои и самите биле мајки, и доеле, а те гледаат ко небаре клекнав да уринирам...демек брука сум...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*, Savana and malo

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Pa nemaat rabota drugo so da praat babetinite i toa cekaat da mozat sus bus vidi ova vidi ona , za greota se !
 

Дејви

Член со 30 казнени поени
10 март 2016
304
185
43
Pa nemaat rabota drugo so da praat babetinite i toa cekaat da mozat sus bus vidi ova vidi ona , za greota se !
Абе не се само бабетините што ке зјапаат.:ladno
И јас мислам дека природното си е природно и треба да им се даде на бебенцата да цицаат каде и кога сакаат а и на публиката да си посматра.(bandit)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Во секој случај ги поддржувам мајките кои се грижат за своите деца нормално, каде и да се.. тоа што не им е грижа што баба Трајана кажала туку им е грижа за малата душа која расте само од мајчиното млеко!
На фб некој имаше објавено видео, местенка.. девојка која дои бебнце и девојка со бааги длабоко деколте..
Имаше реакции као како може во јавност тоа е гадно а типов шо имаше оргснизирано се на крај разголенава ја викаше и вика:
Значи за оваа што од разонода се разголила не е срамота а за оваа што живот дава срамота е!
некои се засрамуваа а некои упорно..
Не секси е оваа на другава треба да и е срам.. сепак според мене ова би го рекле само луѓе без совест..

ама ми е криво шо не можам да го најдам видеото..
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,419
1,153
Природна работа, фала богу, немам ништо против. Иако лично не можам да се сетам дека сум ги доела во јавност. Интимен чин ми било доењето и секогаш си сакав да сум си со бебето сама и раат. А сум одела и по гости и по кафичи, но стварно не се сеќавам да сум се нашла во ситуација кога било потребно да дојам пред други луѓе. Не бара тоа на пола саат да цица. Најдој си го дома, стави го во количка и само што ќе излезеш надвор ќе го фати воздух, убаво му е и ќе си заспие. А кога се поголемки пијат и сокче и чајче па не мора одма да се раслечеш на сред улица :D
Ама која како си сака, нејзино право.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selene, malo and existence