Дали е ова и најглупавата и најпаметната генерација?

Frojda

Истакнат Член
2 септември 2013
58
26
118
Само што читнав на интернет за влијанието на дигиталната ера врз младите...еве дел од заклучоците:
- Речиси сите студенти со часови - а најчесто многу, многу, многу часови - дневно се изложени на екрани.
- Заради што напредуваат во мултитаскинг и интерактивност, и имаат многу силни просторни вештини.
- Тие исто така имаат и извонредна визуелна изостреност; тие се подготвени за наплив на слики и нови информации.
- Меѓутоа овие вештини не се пренесуваат добро - немаат многу заеднички работи - со нивните делови од животот кои не вклучуваат екран.
- Нивните искуства пред екраните всушност го поткопуваат нивниот вкус и капацитетот да изградат знаење и да ги развијат своите вербални способности.
- На пример, тие мразат тишина и да бидат сами. Бидејќи толку многу зависат од своите екрани за да бидат конектирани, тие не можат да се потпрат на самите себе. Бидејќи тие постојано се немирни или стимулирани, тие не знаат како да уживаат во слободното време. Најдобра можна казна за денешните адолесценти е да ги натераш да минат една вечер сами во нивната соба без никаков екран, уред или гаџет кој ќе им го одвлече вниманието. Зачудувачки е опсегот до кој екраните се претворија во мултидимензионална диверзија од она што навистина го знаеме за самите себе си.
- Младите денес типично се премногу вознемирени и нестрпливи за да се посветат на концентрирано учење. Нивната фантазија е осиромашена кога тие не се визуелно стимулирани. Истото важи и за нивниот ерос. Тие премногу ретко стануваат истражувачи и талкачи.
- Тие имаат проблем во совладувањето на линеарна последователна анализа на текст.
- Заради ова за нив е речиси невозможно да минат едно мирно попладне со детективска книга и ништо друго.
- Затоа тие можат истовремено да бидат ментално брзи и културно неписмени. Заради ова тие речиси не знаат како да живеат добро со љубовта и смртта, како и зошто нивниот живот во врска е толку сиромашен.

- И затоа високото образование - или либералното образование - треба да се посвети да им даде на студентите искуства кои не можат да ги добијат на екранот. Затоа либералното образование треба да биде што е можно помалкуповрзано со екрани.
Кое е вашето мислење дечки? :)
 
Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Како што минува времето така се менуваат и навиките на човекот.
Пред 20години немало компјутери па на луѓето не им фалело ништо..тоа е поради фактот што тие тогаш не знаеле дека постои нешто повеќе од тоа што го имаат во моментот.
А сега веќе самото општество ти наметнува навика а воедно и потреба од компјутер, телевизор, мобилен телефон...
Пример, прво се користеа обичните телефони, секој си ја задоволуваше потребата да крене слушалка и да се јави некому..Потоа Сони беше таа компанија која прва ги создаде и ги пласира „Паметните телефони“ или таканаречени Smart phones, со кои почна да се поврзува мобилниот со разни социјални мрежи и сл.
Со тоа почна да се влијае и врз навиките на луѓето, почнувајќи од оние првите помодарци кои ја започнале таа ера, станувајќи први купувачи на тие телефони.
Целта ми беше да ја објаснам првата реченица која ја наведов, навиките на луѓето се менуваат..а светот и компаниите секогаш одат напред и се иновативни.
многу работи ни се наметнуваат и едноставно мора да ги прифатиме.
Како прво сега и во училиштата се` е „екранизирано“ како што имаш напишано ти.Секој професор ти бара информација повеќе од интернет, ни бараат испраќање на домашни по мејл, изработки на проекти во Power Point итн итн..
Тука доаѓа и оној проект на владата со компјутер за секое дете на училиште.
Колку и да сакаш да го избегнеш влијанието на медиумите и оваа дигитална ера, немоќни сме, едноставно наметнато ни е.
А оној кој што милува да прочита некоја добра книга секогаш ќе најде време и покрај компјутерот, оној што е авантурист секогаш ќе открива нови патешествија, оној што е смирен секогаш ќе сака неколку часа да помине во тишина..се` зависи од личноста.
И уште нешто ме интересира, какво е тоа либерално образование?
 
На либерално образование ваљда се мисли на високото,како на незадолжително...не се мои заклучоциве :)
Инаку сосема се согласувам и не знам зошто воопшто некој би сакал да ја избегне дигиталната ера,освен ако не сака да назадува и да биде аутсајдер.
Муабетот е за негативните последици од "екранизацијата" оти нели и таа е во развој и не е совршена.Како да се подобри?
 
Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
На либерално образование ваљда се мисли на високото,како на незадолжително...не се мои заклучоциве :)
Инаку сосема се согласувам и не знам зошто воопшто некој би сакал да ја избегне дигиталната ера,освен ако не сака да назадува и да биде аутсајдер.
Муабетот е за негативните последици од "екранизацијата" оти нели и таа е во развој и не е совршена.Како да се подобри?

Нека биде за високото образование ама пак ми нема логика тој термин либерално образование, како би изгледало тоа образование...но добро не е тоа целта на темава.
Колку што е позитивна толку е и негативна..впрочем како и секое едно нешто на овој свет.
Дека има земено голем замав, има, и уште ќе зема..тој нејзин развој е континуиран, узастопен и не постои причина зошто би прекинал.
А поимот „совршена“ би требало да се изземе зошто никогаш нема да постои совршен мобилен телефон или компјутер, секогаш се стреми кон нешто повеќе и повеќе и тоа ни е во крвта на нас луѓето, никогаш нема да се задоволиме со нешто.
Се подобрува со секоја нова иновација, секогаш новиот производ има нешто повеќе од претходниот и така ланчано се подобрува и нивниот квалитет.
Вака ги разграничив работиве зошто не можам заедно да ги вклопам негативноста и подобрувањето на „екранизацијата“ но сепак мислам дека се разбираме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos and Frojda

Antares

Староседелец
11 мај 2012
468
413
663
32
Pax Terra
Ништо попаметна и ништо поглупа генерација, вака доколку компјутерите се користат правилно и за работи кои ке ти помогнат во надоградба на знаењето во испитување и во сите тие области можат многу корисно да ти служат но доколку е за губење време и ете како не затупуваат.
Компјутерите првично биле направени за напредок на човештвото и олеснување на многу работи, но некој видел можност за контролирање на масата и за спречување за напредок.

Доколку го користиш компјутерот и интернетот на исправен начин сигурно дека можеш само да добиеш, а доколку не значи тоа е проблем на секој како индивидуа не е никој крив. Се ви овозможено само е до нас како ке го користиме.
 
Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
29
Или е најглупава или најпаметна одлучете се. Како што гледам е многу неодлучна, а за која генерација станува збор? :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Или е најглупава или најпаметна одлучете се. Како што гледам е многу неодлучна, а за која генерација станува збор? :)

Што мислиш ти за која генерација станува збор?
Тоа дали е глупа или не некако не ми соодветува со содржината на темата така да затоа и не одговорив на тоа прашање.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Harmonija

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
29
Што мислиш ти за која генерација станува збор?
Тоа дали е глупа или не некако не ми соодветува со содржината на темата така да затоа и не одговорив на тоа прашање.
Знам за која генерација, на шала го поставив прашањето... исто како што дедо ми вели ( во мое време внучко ) не знаејќи дека всушност и ова е негово време, ако облече едни нови фармерки и излезе да брка баби по чаршија.
Не е глупа. Кога ќе дојде Аристотел или Сократ да чачка по компјутери и андроиди или кога Ајнштајн ќе игра стратегии како Дота и слични глупости тогаш може да се каже дека "Њу Ејџ" генерацијава ни е стварно пропаст... ЕДИНСТВЕНО ГЛУПАВО ШТО ГО ГЛЕДАМ ВО ОВИЕ ГЕНЕРАЦИИ Е ЉУБОМОРАТА!!! Ништо друго! Децата се баш интелигентни... :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Frojda

Знам, затоа и ти возвратив со контра шалливо прашање ;)
Да имало Дота во времето на Аристотел мислиш дека еден таков човек би ја усмерил својата интелегенција за таква банална работа?Не верувам.
А да имало компјутери секако дека ќе ги користеле и ќе ги чачкале можеби и многу повеќе отколку денешниве „сезнајковци“ и најверојатно многу повеќе би постигнале во науката со помош на денешниот сепен на усовршеност на технологијата.