Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
зависи за што. Пример за факултет или пари никогаш не ги лажам. Ако не сум отишол на предавање, сум паднал на испит или сл. не кријам од нив или ако ме прашаат на што сум потрошил некои пари не ги лажам. Ги лажам само за ситни работи.
Ептен коа морам, за нивно добро , зошто да им кажувам работи шо не сакаат да ги слушнат. Мајка ми не може да замисли да не се појавиш на испит, и коа не се осекам спремна не одам а нејзе морам да и кажам дека сум била
нема да кажам дека не се сеќавам кога последен пат сум ги излажал ... дека добро знам , никогаш не сум ги излажал !!! од секогаш имало разбирање и компромис, од секогаш биле коректни и искрени спрема мене, ми дале и овозможиле доста работи во животот ... затоа не гледам ни една причина зашто би ги лажел некогаш !
Ги лажам,признавам....нема да напишам кога морам,оти кога е тоа морам?
Поприфатливо и поискрено е она од погоре што го прочитав,...за нивно добро....понекогаш и за мое
Но некогаш испага за лошо или само на едната или за двете страни.
Но се трудам претежно да бидам искрена со нив.
Обично само ја премолчувам вистината, многу ретко ги лажам.
Пример, ако не сакам да им кажам кај сум била излезена, а ме прашаат „Кај беше?“ им викам: „Излезена бев“. xD И јасно им е дека не сакам да навлегувам многу многу и не ме прашуваат повеќе. Или „Кога си дојде дома?“, -„Рано!“.