Дали вреди?

Minella

Активен Член
15 февруари 2012
171
171
43
Pust ostrov
Вреди секогаш да се бориш за некој ако навистина го заслужува тоа , да не е некој мангуп ,па да си игра со твоите чувства :playfull
 

girl

Нов член
17 февруари 2012
14
13
3
36
Вреди да се бориш ако сметаш дека навистина вреди,тоа е тоа што го сакаш а тој го заслужува тоа.
Но некогаш после ова сваќаш деќа било залудно. Како и да е се е минливо ..
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
се борев...и на крај останав со прстот во уста....или народски кажано бел во очи...следен пат......ќе размислам два пати
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Caci

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Ако нешто навистина сакаш - тоа и ќе биде.
На овој или оној начин.

Барем за себе зборувам. Кога сакам нешто, навистина многу, не бирам средства. Признавам - знам да бидам подмукла, злобна, себична, бесчувствителна.
Да не бев таква, немаше да бидам со дечко ми денес - а денес сме многу долго заедно. Да дигнев раце и да речев - тоа е тоа, веројатно никогаш немаше да бидеме заедно.
Не бирам средства. Бирам цел.
Без оглед дали е љубов, или нешто друго во прашање.
 

hitbyaplane

Нов член
7 април 2012
14
5
3
вреди да се бориш ако си навистина сигурен дека тоа е тоа дека нема да се предомислиш и слично, ако си сигурен дека тоа го сакаш.Но сепак треба да имаш некоја мерка,ако гледаш дека нема амбер од другата страна да не продолжуваш со своите напори.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Што мислите, вреди ли да се борите за некој што многу го сакате? и што се би направиле за да останете заедно со тој што ви значи се...
Јас не би се борела од причина што сакам работите да оставам да се редат сами по себе.На сила убавина кон ништо не води.Освен само ако љубовта е обострана и има трети влијаниа,само во тој случај би се борела доколку претходно увидам дека таа љубов вреди.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Caci

Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
300
230
1,043
Не вреди, ако те сака колку шо и ти го сакаш и со прст да не мрдниш ке бидете заедно. Ако не те сака и од земја да се треснеш џабе ти е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Caci

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Имам компетентно мото за темава при кое се придржувам кое гласи : се би направил ако момата вреди и ако таа сака тоа да го направам.
Од секогаш сум нудел многу повеќе него што сум барал, од секогаш сум делувал алтруистички а не секогаш било возвратено... единствените работи кои сум ги барал била почитта, возврат на љубовта и благодарност. Не сум цвет за мирисање и јас сум направил многу грешки во животот, но барем кога сум љубел било искрејно и вистински, без трошка лага, без трошка сомнеж за позицијата во која сме биле. Сум бил отворен само на тие што мислам дека вредат, понекогаш сум грешел, понекогаш сум бил задоволен од своите постапки. Сум изневерил многу пати и сум ја платил цената за делото.
Верувам во фразата: се се враќа- се се плаќа.
Многу би направил да ја освојам и да ја задржам, но ни со прст не ми мрднал да ја вратам ако таа сама не сака.
Само делата се резултат на прашањето- дали вреди , зборовите се илузија.