Дали ви е важно туѓото мислење?
Да, важно ми е. Важно ми е мислењето на тие кои во моментот (а нели и вообичаено) се околу мене.
Дали го почитувате туѓото мислење?
Го почитувам секое мислење, но истовремено знам дека нема секој моето мислење да го почитува. Ајде сега меѓусебно ќе си даваме подршка, па ти почитувај го моето мислење, а јас твоето. Ако го почитувам - го почитувам.
Дали ве повредува нечие туѓо негативно мислење за вас или го сфаќате како совет за она што треба да го промените кај себе?
Зависи во кој контекст е кажано, на кој начин е кажано и за што се работи. Можеби се работи за некој проблем кој подолго време го имам, па некој се обидува да ми помогне. Во тој случај ќе го сфатам како совет. Можеби и ќе ми укажат за некоја грешка која знам дека сум ја правел, па ќе побарам помош. Можно е и да е некоја глупост за која не вреди да се размислува!
Но, има подмолни, лоши, љубоморни луѓе. Или немора да се ништо од тоа, можеби само не те сакаат - па го наоѓаат најлесниот начин да бутнат некого и тргаат по самодовербата. А како најлесно да ти ја уништат самодовербата? Ќе пробаат да ти набијат комплекси преку негативни мислења. Мислења кои веројатно не се ни вистина.
Затоа - не. Не ме повредува туѓото мислење. За секого може да се даде негативно мислење, а зависи од личноста дали ќе го прифатат како совет или како навреда. Или ќе го игнорираат.
Не е битно дали е совет или навреда. И не е битно како, кој и зошто некој ти го кажува тоа - одредени работи не треба да се сфаќаат премногу сериозно.
Никој не те знае тебе како самиот ти, па за одредени работи што ги правиш - има некоја причина која нема секој да ја сфати.
Не се потресувај или натажувај (или лути) ако некогаш некој ти каже дека нешто кај тебе не е како што "треба" да биде - веројатно е глупост и лага, или едноставно: нечиво мислење, ама доколку е навистина така (а и ти си свесен дека е така) не биди тврдоглав и признај дека правиш грешка.
Совети често остануваат неприфатени. Ако веќе имаш одредено мислење за некого, или пак совет - не збори зад грб, туку кажи го во лице НО, и образложи го тоа мислење. Можно е да грешиш. Биди и спремен на тоа дека можеби советот нема да биде прифатен, ќе има бурни реакции или караници. Секогаш е добро да се знае со каква личност се справуваш, и дали воопшто вреди да се справуваш со неа.
Немаат сите исто мислење. Нешто што за тебе е грешно/неприфатливо, за некој друг е точно/прифатливо. Комплицирана тема.
На крај-краишта (како што реков) тоа е, едноставно, само нечиво мислење.