Го сакам мирисот на...

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,524
1,183
Big Sur
Го обожавам мирисов на ноќен, летен воздух. Од некаде мирисаат липи измешани со мирисот на печивата од пекарите во близина. Не можам да се надишам доволно. :)
 

сираче

Полноправен Член
29 мај 2025
43
11
8
Мирисот на мајка ми.
Мирис на земјата после дожд.
Мирис на плажа и крем за сончање.
Мирис на свежо сомелено кафе.
Мирисот на нова книга.
 

Lele-

Староседелец
20 октомври 2012
2,296
2,383
1,153
Skopje
Го сакам мирисот на море, многу спомени ми се врзани со тој мирис, го сакам и мирисот на есен, нема алергии кои да те мачат, а нема ништо поубаво од мирисот на кафе, дури ни кафето не е толку вкусно колку што убаво мириса посебно од сабајле.