Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
Го обожавам мирисов на ноќен, летен воздух. Од некаде мирисаат липи измешани со мирисот на печивата од пекарите во близина. Не можам да се надишам доволно.
Го сакам мирисот на море, многу спомени ми се врзани со тој мирис, го сакам и мирисот на есен, нема алергии кои да те мачат, а нема ништо поубаво од мирисот на кафе, дури ни кафето не е толку вкусно колку што убаво мириса посебно од сабајле.