Го сакам мирисот на...

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Мирисот на пролет , мирисот на лилијаците (јоргованите ) , го паметам и сакам мирисот на брашно во воденицата на дедо ми ! , мирисот на шери бренди навечер заедно со мирисот на свежо наврнат снег, мирисот на квалитетно вино, мирисот на лебот од нашата фурна на викендица, мирисот на првото утринско кафе и на првата цигара, мирисот на книгите и весниците , мирисот на Скопје во утринските часови, мирисот на земјата на лето откако ќе изврне еден тон дожд, мирисот на печено клавче, мирисот на Becutan кремата, мирисот на море , езеро , планина , шума...шумска ливада, мирисот на јадењата кои се готват на жар на логорување....мирисот на чисто, мирисот на Палмолив сапун Зелен !!!!
 

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
мирисот на ѕидовиве во мојава соба, ме гуши ама и ме плени...многу спомени збрани на едно место, сеуште се будам со мирисот на тој бакнеж...цел живот ќе се будам така, се' додека сум во оваа соба..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ночной охотник

Katija

Нов член
11 март 2013
7
14
3
33
Го сакам мирисот на липите,ме навраќаат назад во детството кога берев липа и со голема насмевка и ја носев на мајка ми за да ми направи чај.
Го сакам мирисот на мајка ми,бидејќи тој е нај невиниот што некогаш сум го помирисала,мириса на заштита,на другарка,на храброст.
Го сакам мирисот на книгите,посебно на оние старите,читајќи ги ме опуштаат и ми го прават мојот мелем за душа.
Го сакам мирисот на него,мирисот на неговата кожа,тој е дрога за моето тело и моите сетила.
Го сакам мирисот на животот,чекорам полека,самоуверено и се водам спрема тој мирис.