Мирисот на пролет , мирисот на лилијаците (јоргованите ) , го паметам и сакам мирисот на брашно во воденицата на дедо ми ! , мирисот на шери бренди навечер заедно со мирисот на свежо наврнат снег, мирисот на квалитетно вино, мирисот на лебот од нашата фурна на викендица, мирисот на првото утринско кафе и на првата цигара, мирисот на книгите и весниците , мирисот на Скопје во утринските часови, мирисот на земјата на лето откако ќе изврне еден тон дожд, мирисот на печено клавче, мирисот на Becutan кремата, мирисот на море , езеро , планина , шума...шумска ливада, мирисот на јадењата кои се готват на жар на логорување....мирисот на чисто, мирисот на Палмолив сапун Зелен !!!!