Гости со немирни деца

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Има секакви деца , во целата ситуација таква со немирни деца кои сакаат се да фатат и видат мислам дека пред се мајките се криви и они треба да се плеснат по газето ;)(wave)
 

Ballet is my life

Истакнат Член
9 јуни 2018
298
105
353
Целата вина е во родителите. Мене ме нервира кога ќе ми дојдат гости со немирни деца. Ај тоа, ама па родителите ништо не прават, само седат и кукаат како можеле да родат такви деца. А што е најтрагично тие родители работат со деца, како педагози, наставници и слично. До кога бе така ќе живееме, со такви луѓе на такви функции:mad:
 

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Немам деца, ама ги гледам прво роднините што имаат деца, а особено првите братучеди и сестра ми. Сите тие се груби, лоши и сурови спрема другите, без никаква култура, а и внатре во душа со злоба и лошотија. Што мене поради тоа ме фаќа паника кога би ми дошле во иднина кај мене дома, кога ќе се омажам. Спремни се и да истепаат некое дете, а ако нивните деца се проблематични, ако некој ги удри или искара за тоа што прават таков хаос во друг дом, тие ќе скокнат да се тепаат и да се караат со мене. Уште од сега мислам како да не ми идат на гости за ништо, ни за слава, ни за роденден, буквално за ништо, дури ни на кафе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ballet is my life

123456789deset

Истакнат Член
18 јули 2018
96
36
128
42
немој Марче, абе синеееееее, Марче дојди ваму....
леле абе многу е немирен ич не слуша
абе жено стани исплескај го не ке се молиме


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ballet is my life

dovefox

Истакнат Член
21 октомври 2018
38
23
108
Децата не треба да се тепаат.Треба од најрана возраст да се учат на правилно однесување во домот и надвор од него.Јас отворено би им рекла дека немирните деца се такви затоа што се размазени или им фалат родителска љубов и внимание.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ballet is my life

Laila

Полноправен Член
18 јуни 2019
30
25
8
Децата се олицетворение на родителите и нивното воспитание. Родителите се тие кои со својот однос кон детето и воспитувањето придонесуваат да детето правилно се оформи и развие во една зрела личност која утре сама ќе се носи низ животот и соочува со секакви проблеми. Ќотекот тука не е решение никако. Никој не сака да биде тепан. Па едно куче кога го дресираш не го тепаш. Зборот ја има најмоќната улога, авторитетот на родителот кон тоа дете, детето да го гледа со почит и да го разбере тоа што му се кажува. Авторитет никако не се гради со ќотек, туку со убав збор, време, желба, постојаност уште од најмала возраст. Тоа дека постојат темпераментни деца никако не е изговор дека е прифатливо така да се однесуваат. Не, не е. Постојат темпераментни, живи деца кои се убаво воспитани и го почитуваат родителскиот збор и фигура.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Не ми пречат децата, ми пречат родителите и веројатно нема веќе да ги поканам да стапнат ни сами.
Има родители што буквално ги носат децата кај друг за тој другиот да им ги причува, да ги игра, да трча по нив. А, едно глупаво е да бараш или да се расправаш со мало дете кое не знае за поинаку.
Не е сега работата врзи го детето па до тебе, туку збори му ко на нормален човек, без лигавење, без ултиматуми и награди „ако си (не)мирен/на...“ и побрзо ќе созрее.
До кај 3-4 години ми е поприфатливо, но дете што се треска од земја над таа возраст пошто нешто не може да се однесува ко дома на гости, е огромен пропуст на родителот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider