Гости со немирни деца

  • Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Violet

Полноправен Член
2 март 2014
32
40
18
35
рајска градина
Ништо не ме нервира повеќе од ова!! Немирни деца и родители на кои не е гајле што прават децата низ туѓ дом!
Сум се скапала од чистење и иде гостинка и ги пушта децата да се гаѓаат со смоки и да рипаат по стварите.Кажи еднаш два пати ама после незгодно станува да се повторуваш во твој дом!А гостинката си пие кафе како ништо да не е и ми вика деца се и по дома така правиле цел ден. Ја моето дете го немам пуштено да праве така по дома а не на гости да досаѓа.
Како да се справеме со таквите? Јасно ми е дека децата се мали и кривицата е во родителот што не ги научил ама несакам да се карам со родителиве зошто ке направат голема работа од тоа.
 
  • Like
Reactions: Podem and existence

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,440
2,539
1,133
А што можеш да направиш? Да им забраниш на пријателките и роднините со немирни деца да не доаѓаат на гости со нив? Тоа е што е. Кога родителот сам не е свесен за палавоста и невоспитаноста на своето дете како што кажа, си ужива во кафето и си муабети без да обрнува внимание на смоките кои прелетуваат покрај вас, ти не можеш да сториш ништо друго освен искрено да разговараш со мајките и да го решите тој проблем. А ако и тогаш ништо не се смени, почекај да пораснат :zelen.
 
  • Like
Reactions: Violet

Violet

Полноправен Член
2 март 2014
32
40
18
35
рајска градина
Оф мила знам тоа, ке порастат децата и може и ке се сменат ама мајкава што ми е блиска пријателка а ич нема срам ми е глупавото во ситуацијава. Го гледа моето синче си седи мирно и си игра а нејзините хараат без гајле и ништо не спомнува.Збориме и за чистење, кречење ама џабе,таа си се жали само дека и е напорно а за други нема разбирање. :S
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,492
14,405
1,683
во светот на бајките
Прифати го тоа или не ја викај веќе дома на кафе,туку во некој кафич.Или пак ако ти е толку блиска соопшти и го тоа на убав начин,дека не ти сеа допаѓа однесувањето на децата или пак 'викај' ти на децата ако пријателката нема абер тоа да го стори.
Штом не и е срам за нивното однесување и воспитување нема да се налути и да и биде срам доколку ти им се обратиш.
Нека не ти биде глупо штом неа не и е :)
 
  • Like
Reactions: Марија

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,277
1,898
1,133
Мене лично не ми сметаат немирни деца...Тие се деца...има мирни деца, има темпераментни деца...И да им вика таа да се смират нема да ја послушаат, а плус тоа тука на гости не ни место ни време да ги воспитува...ама сепак ќе речам дека тоа се деца...
И кај мене идат такви деца, прв е внук ми, па потоа дечиња на некои мои другарки дури и комшивчиња и апсолутно не ми смета ништо се’ дури ги гледам дека им е убаво и дека се забавуваат...тоа за мене е непроценливо...кога ќе видам колку му е убаво на син ми и како се радува не ми пречи ништо...за пола саат или саат ќе средам се’...
А и не се лутам на децата, зашто има и возрасни невоспитани, кај што ќе седнат ќе направат толку многу ронки и ѓубре комотно да пуштиш кокошки да колваат, па ќе истурат вино или кафе, па ќе ти заседнат итн.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,391
9,099
1,683
Кушкундалево
Кога дома ни доаѓаат гости со мали деца јас обично или излегувам или одам во друга соба затоа што не можам да гледам и да седам мирен додека децата чепкаат кај што треба и не треба. Моите немаат гајле, ама јас не можам да го гледам тоа. Друго е што не можам да поднесам кога мало дете плаче, вика на цел глас, повторува исто прашање по трилион пати и сл.
 
  • Like
Reactions: Lady*

Metalec

Полноправен Член
1 јуни 2014
36
33
18
29
Па да ти кажам така е и кај нас кога доаѓаат.А ние кога ке одиме како бубалици сме.
Против тие неможеш ништо.Одбегнувај ги колку што можеш повеќе.
 
  • Like
Reactions: Navoj

corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
Ги оставам извесно време да беснеат по куќата,и кога гледам дека мајка им пие кафе и не им е гајле што прават,си земам се во свои раце и само еднаш треба да викнам,кога гледам децата се мирни а мајка им помирна,т.е.сестра ми со нивните две темпераментни близначки.А ида не е сестра ми би викнал и по други деца,се разбира доколку не викат родителите,па сакале се лутеле сакале не.
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,220
1,747
253
Зависи кон кои гости,оти кон некои имав поголем респект,морав да истолерирам тотална хаварија во домот, а кон некои одма во старт уште невлезени ке ѓи опоменав да бидат умни и мирни,море и ке гракав ако треба.Јасно ви е кого толерирав,родбински деца и деца на луѓе кои ме задолжиле со нешто.
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,105
971
733
Аууу темата. Кога има дома мали деца јас ако не сум излезена си седам во соба и мислам дека во секој момент можам да излезам и да го искршам од ќотек малото невоспитано детиште. Отвора по фиоки, прашува глупави прашања, плаче ако не му обрнуваш внимание. Родителите се криви, премногу му дозволуваат. Штета што не може да се плесне по газето пред родителите и тоа би го направила !