Па тие работи очигледно ги знае и без да ги прочита.Што знаеш ти за него сем што те следи? Информирај се повеќе, не за друго, секоја информација дава појасна слика. А од кај знае... да речеме вака. Имаш пишано од каде си, имаш пишано дека се имаш преселувано неколку пати, имаш пишано со кого живееш, имаш пишано кај си учела, имаш пишувано дека некој те следи, имаш пишувано уште купица работи според кои некој би можел да те идентификува. Замисли дека сето ова му е на дофат, поточно на неколку кликови. Сето ова му е информација повеќе за тебе. А што имаш ти за него за да можеш да предвидиш што е следно од него?
Најмал проблем ми е дали ме чита и знае која сум, проблем ми е да не отиде подалеку...
А и што ми помага ако еве му го знам минатото, и која ми е предноста? Знам дека е околу 30 години, знам име и презиме по тоа што ми праќал пораки на фб, знам што работи и каде...
Следен чекор не можам да му предвидам, можам само да се надевам, пошто очигледно дека не е психички стабилен. Ете и тоа го знам.
Мислев од кај знае дека сум на форум, не од кај знае дека позади Хоуп сум јас...