Пошто темава е за спремноста на 15 годишни, ќе почнам со тоа дека на 14 седев во кал и се мачкавме со другарки (сите до 2 години разлика, плус или минус), играјќи си спа центар.

Не дека ова што го викам е демек јас дете од пример или да пресликувам бумеризам со „у мое време бевме прави деца“, туку едноставно дека и покрај тоа што од оваа гледна точка се гледам како дете кое беше зрело за своја возраст, сепак сум имала мнооогу зелени моменти (а сигурно за 10 години од сега и за сегашнава јас ќе викам така).
Не мислам дека на денешно време, барем до кај 22-3 минимум, некој може да е спремен (чест на исклучоци). Некако ми е експресно нурнување во светот на возрасните, а е свет каде се грижиш за друго човечко суштество и не смееш да си дозволиш да грешиш и експериментираш многу бидејќи внимаваш да нема последици на тоа дете, кое зависи од тебе.
Знам дека има илјадници примери што би ми докажале спротивно, па можеби и го проектирам малку сопствениот страв/немање некоја желба да имам деца, но ептен млади, посебно малолетници... уживајте во животот кој е едвај започнат.
Имав период на 20-21 кога бев убедена дека сум зрела и спремна. Колку само би згрешила.
