Годините како основа за проценување дали некој е спремен за брак и деца | Црнобело Форум

Годините како основа за проценување дали некој е спремен за брак и деца

Малолетнички намерни бракови- да или не?

  • да

    Гласови: 0 0.0%
  • не

    Гласови: 7 100.0%

  • Вкупно гласале
    7

Moon child

Нов член
16 август 2019
1
0
1
Барам мислење од вас во врска со намерни малолетнички бракови? Дали девојче од 15 години може да биде спремно за брак и воспитување на деца? Дали е нормално да не го привлекуваат дружби туку да мисли само на сериозни работи и да се посвети на дечкото и да сака деца? Дали мислите дека е битна поддршката од родителите? Дали вонредно може да заврши со одличен успех и да напредува? дали има шанси да му овозможи нормален живот на детето итн. Ве молам изнесете ваше поопширно мислење.
 

Ballet is my life

Истакнат Член
9 јуни 2018
298
105
353
Си го кратиш детството со тоа. Има време за семејството и деца, ама тие години не се враќаат назад
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,311
1,941
1,133
Барам мислење од вас во врска со намерни малолетнички бракови? Дали девојче од 15 години може да биде спремно за брак и воспитување на деца? Дали е нормално да не го привлекуваат дружби туку да мисли само на сериозни работи и да се посвети на дечкото и да сака деца? Дали мислите дека е битна поддршката од родителите? Дали вонредно може да заврши со одличен успех и да напредува? дали има шанси да му овозможи нормален живот на детето итн. Ве молам изнесете ваше поопширно мислење.
Според тебе што мислиш, спремно е едно девојче за брак ? Спремно е тоа дете да раѓа деца и да воспитува деца?
Пред се` телото не е спремно за такво нешто... Само што добила менструација и треба да почне одма со раѓање?
Колку е психички тоа девојче стабилно и зрело за брак, за деца, за обврски, за одговорности... Дали тоа девојче ќе бдее цела вечер дури бебето има температура ? Ќе знае ли како да се справи со тоа? Ќе умее ли воопшто?
Едно е што мисли и што сака на свои 15 години а сосема друго е дали да се поддржи..
Како и кај секој тинејџер желбите и потребите се менливи, така да не треба да се зема сериозно воопшто ова..
Јас сум родител и јас строго би се противела на тоа... Најстрого...
И да се разбереме НЕ, тоа дете ако би стапило во брак нема да заврши вонредно школо, нема да запиши факултет и нема да има шанса за нешто повеќе во животот!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ballet is my life

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,772
7,299
1,153
Big Sur
Пошто темава е за спремноста на 15 годишни, ќе почнам со тоа дека на 14 седев во кал и се мачкавме со другарки (сите до 2 години разлика, плус или минус), играјќи си спа центар. (facepalm)
Не дека ова што го викам е демек јас дете од пример или да пресликувам бумеризам со „у мое време бевме прави деца“, туку едноставно дека и покрај тоа што од оваа гледна точка се гледам како дете кое беше зрело за своја возраст, сепак сум имала мнооогу зелени моменти (а сигурно за 10 години од сега и за сегашнава јас ќе викам така).
Не мислам дека на денешно време, барем до кај 22-3 минимум, некој може да е спремен (чест на исклучоци). Некако ми е експресно нурнување во светот на возрасните, а е свет каде се грижиш за друго човечко суштество и не смееш да си дозволиш да грешиш и експериментираш многу бидејќи внимаваш да нема последици на тоа дете, кое зависи од тебе.
Знам дека има илјадници примери што би ми докажале спротивно, па можеби и го проектирам малку сопствениот страв/немање некоја желба да имам деца, но ептен млади, посебно малолетници... уживајте во животот кој е едвај започнат.
Имав период на 20-21 кога бев убедена дека сум зрела и спремна. Колку само би згрешила. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,233
5,748
1,683
Disco
Како се станува "спремен" за брак, кој би знаел :)
Бракот како институција не може да биде премногу далеку од нивото на свест и квалитетот на морално-етичките кодекси на рајата која во брак стапува на ордедена територија. Не е секој за таква ствар, човек треба да се познава себеси барем до таа мера да не влегува во сериозни ситуации ако не припаѓа таму. Некои имаат по три брака зад себе и допираат ново дно во секое ново стапување во истиот, una milagro :kafe

P.S. Мислам дека во некоја паралелна димензија сум оженет и имам 4 деца, по две машки и две женски или така нешто.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra