Службено име: Bundesrepublik Deutschland (Сојузна Република Германија)
Државно уредување: парламентарна сојузна република
Површина: 357.027 км2
Број на жители (2003 год.): 82.604.000
Главен град: Берлин
Службен јазик: Германски
Парична единица: Евро
Германија, службено Сојузна Република Германија е сојузна парламентарна република во Европа. Државата се состои од 16 покраини, додека главен град и најголем град е Берлин. Германија покрива површина од 357.021 км² и главно има умерена сезонска клима. Со 81,8 милиони жители, таа е најнаселена земја членка и најголема економија во Европската Унија. Таа е една од најголемите политички сили на европскиот континент и технолошки лидер во многу полиња.
Регионот именуван Германија, населен од страна на Германите, бил документиран пред 100-та година од нашата ера. Во текот на Големата преселба, германските племиња се прошириле на југ и основале наследнички кралства низ поголемиот дел на Европа. Почнувајќи од 10-от век,германските територии го формирале централниот дел на Светото римско царство. Во текот на 16-от век, северните германски области станале центар на протестантската реформација, додека јужните и западните области останале доминантно Римокатолици, со две спротивни фракции воТриесетгодишната војна, обележувајќи ја католичко-протестантската поделба, која оттогаш го карактеризира германското општество.[6] Окупирана за време на Наполеоновите војни, подемот на пангерманизмот внатре во Германската Конфедерација резултирано во обединување на повеќето германски држави во Германското царство во 1871, кое било доминирано од Прусија. По германската револуција од 1918-1919, а потоа и военото предавање во Првата светска војна, Царството било заменето од Вајмарската Република во 1918 и поделено со Версајскиот договор. Сред Големата криза, Третиот Рајх бил прогласен во 1933. Подоцнежниот период бил обележан од фашизмот и Втората светска војна. По 1945, Германија била поделена од страна на сојузниците во четири окупациски зони, кои се развиле во две држави, Источна Германија и Западна Германија. Во 1990, Германија била повторно обединета.
Германија била еден од основачите на Европската заедница во 1957, која станала Европска Унија во 1993. Таа е дел од Шенгенската зона и од 1999 членка на еврозоната. Германија е членка на Обединетите нации, НАТО, Г8, Г20, ОЕЦД и Советот на Европа и моментално е непостојана земја членка во Советот за безбедност на ОН со мандат за 2011-2012.
Таа е четврта најголема економија во светот по номинален БДП и петта најголема по паритетот на куповна моќ. Воедно, таа е втор најголем извозник и трет најголем увозник на добра. Има развиено многу висок стандард на живот и сеопфатен систем на социјална заштита. Германија е дом на многу влијателни научници и пронаоѓачи и позната е по нејзината културна и политичка историја.