Генерацискиот јаз помеѓу младите и старите за голема несреќа на жалост, е продлабочен многу повеќе.Младите своето незадоволство го препишуваат на постарите генерации, во нив ја бараат вината. Моќта во фамилијата е променета во корист на децата, сега тие имаат поголема контрола врз родителите отколку многу години наназад, нивниот збор не е само да се слуша туку многу често и пресудна кога треба нешто да се купи,набавка на мобилни, компјутери, одлучува за одење на годишен одмор идр.Порано родителите беа господари во куќата и младите мораа да се однесуваат како ќе им биде кажано а сега младите се ИЗОПАЧИЈА и се сменија улогите.
И поред големата интелигенција што ја имаат младите, тие се дрски, бунтовни, распуштени, мрзеливи, го ценат материјалното, саможивни, себични,незрели егоцентрични личности без развиени работни навики...слабо се контролираат....