Лоши генерации. Уф. Се полошо и полоши. Сега зборот детство ти е само збор во македонскиот речник.Некој ќе те смета за ретардиран ако му речеш дека на негова возраст си играл со кукли,камиони,колички,авиони. Бевме сведоци на ретка колумна за Генерација 96, мислам во живот немам видено полоши работи од генерациве. Па што бидна ова, на 12 години се мува - тоа време незнаев што е дечко. На 10 години требало до 12часот навечер да остане надвор - тогаш јас веќе бев во кревет. На 14 години имала дечко - мене тогаш куклите ми беа во рака. На 15 години имала односи - на 15 години почнавме со прв да учиме што е љубов. На 18 години се кае, на 25 веќе е к**ва. Во денешно време секој сака да биде родител, а кој и како е информиран за воспитувањето на децата тоа е гола вода. Или ќе ги размазат или сами ќе се размазат. Не внимаваат воопшто, ама која сум јас да судам. Слават полуматура се облекле како тетки. Слават матура се облекле како за на бал. Чекај СТОП! Застани колку години имаш? 30? Или 18? Се фалат " Како ми стои ова!? Срцка си купив фустан за матура од Версаче, знаеш колку пари? 1324352314 долари"? WTF? А фустанот и е од шутка. Штиклите од некоја продавница на која имало распродажба, се фали моите се богати а живее во шупа леб и маргарин мачка дома. Дечко и ја вози до лажната куќа а после таа се качува во автобус иде до дома. Претеризам. Би реклe што се замараш, и они се деца што сакаат тоа ќе прават. Точно да само не се деца туку сега на 10 години се мажишта и девојки. Колку само си го уништуваат животот. Дремат на пц прашуваат како да се депилирам, кој кондом е најдобар, како се прави восок, како ми стои ова, со што да се нашминкам. Дали да облечам минич и утредента ме силуваа, плаче, агресивна се обвинуе себе си,си кубе коси.... следниот ден се понаша како да не било ништо. До следните години цел град ја има свртено а си мисли ја сакаат и ценат. Затоа се мисли на време. Или некој поинаку ќе ги воспита или сами ќе се воспитаат гледајќи серии и филмови. За нив е срамота да незнаеш да пливаш на 14 години, да не си бричен и да немаш гради. Боже до каде оди светов, со уште колку искомплексирани деца ќе го делам воздухов. Не е се така розево.