Имаше сега брзо некоја сограѓанка била да пријави во полиција оти гатачка ја измамила за цели 500 евра.
Јас да сум полиција, би ѝ опнала ќотек што е проста, не да правам записник.
Сфаќам јас дека луѓе имаат маки, ама фино си постојат психолози, психијатри, па дури и обични пријатели за тоа. Не таму некоја да ми каже имаш прамен коса врзан за нечиј гроб, затоа не ти иде во животот, ама за 500 евра ќе ја разбиеме таа магија.
Знам со сигурност дека постојат луѓе со необјаснива интуиција и енергија, но нема да ги најдеме во женските домаќински групи по Фејсбук како продаваат муда за бубрези и бараат по 500 евра.
Скромно бе.
Ама па што, кога осамна вест дека на Ѓоковиќ не му одело периодот кога ја „удри“ таа со топката и губеше ко сирак пошто жена му Јелена, пази, ВО ПАРИЗ НАШЛА ЗАМОТУЉАК на врата.
А, ќе речеш светски луѓе...