Гатачки, јасновидци и слично

mila mila

Истакнат Член
31 март 2012
192
154
343
И верувам и не верувам во гатачки.
Гатачи дека ќе ти излечат некоја болест на пример како оној Иван што го рекламираат на телевизија е баш не верувам во такви луѓе.Демек тој е семоќен и може се да излечи.Во некои ситуации доктор неможе да помогне а камо ли гатач.Па уште и тарифа да си има.
А инаку верувам дека постојат бајачки за уроци и да ти изгасат жарчиња.Тоа да.Мајка ми ми има кажувано дека јас од уроци за малце и ќе сум умрела.Некоја жена ми "пребајала" и ми прошло.Какво е тоа што е навистина незнам.
 

Serenity

Нов член
23 јули 2012
18
12
3
Верувате ли во гатачки? Сте посетиле ли, ако да, кои и дека и каков резултат има од них? ( плс оставејте точни детали за местото дек живее или работе гатачката)
 

Andrea Bloodbucket

Истакнат Член
18 февруари 2012
285
328
63
Сум посетила. АМА не верувам. Тоа се глупости.. Никој освем Бог неможе да знае што ќе ти биде понатаму во животот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed

Marchisio

Староседелец
4 јуни 2012
551
902
1,093
има луѓе што стварно знаат да гледаат познавам 2-3 што ги бива навистина, за жал една од нив почина што ми помогна мене на која вечно ќе и бидам благодарен, а за овие што се појавуват на телевизија не им верувам бидејќи навистина лажат за пари и за гледаност на телевизијата
 

Maks

Староседелец
Обично не верувам во такви луѓе особено па не на тие што си имаат и ценовник за се определено некоја цена, доколку некој знае да предскаже некоја иднина и на некој стварно му помогне и без ценовник може да добие повеќе. :)
 

ShadowStalker

Нов член
10 август 2012
1
0
1
33
Skopje
Хаха......Памтам еднашка дека ја придружував мајка ми да иде кај некој момак шо наводно гледал/гатал бла бла или така нешо беше не се сеќавам точно пошо не ме ни интересираше толку само знам дека седевме со мајка ми у едно собиче демек таму му идело и почна да и гледа/гата/ шо и да е тоа :) и почна да збори ова ќе се деси тоа вака така ииииии викам момаков растура......Викам дај чим сум тука и на мене да ми каже нешо.......Седна до мене ме гледа изгледа сфати дека нема да му поверувам на тоа шо ќе ми го каже и се избаци момакот со Ејјј ми се истроши енергијата не можам денес дојди друг ден......(bravo) брао парите у вода и отидоа на мајка ми хахахахах :)).....Така да не верувам дека постои некоја шо може да ти ја каже судбината, јас верувам дека ние сами со ја правиме нашата судбина :sreken
 

84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
Ретки се таквите кои сакаат да помогнат ,не сум имал искуство со некои познати бајачки туку само како помал кај една комшивка ... :giggle
А ако веке зборуваме за луѓе со натприродни сили како што видов коментари погоре,тогаш во Македонија се познати Мастер Константин Кајшаров -Тино (за кој имам отворено тема во форумов ) и Иван исцелителот :sram Иначе верувам но не мора да значи ... :)