Вработување во приватниот или државниот сектор?

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
кај нас е проблемот што после средно, 95% од учениците се запишуваат на факс..па кај го има на друго место тоа??
државна матура, па и не е некој фактор или критериум кој би требало да се зема за предвид при упис, сите го знаеме протоколот(како се решава тој матурски тест)
да се вратам на тоа погоре..по која логика од цела генерација која ја завршува учебната година, повеќе од пола можат да бидат правници?? или економисти...или било што..тука веќе вклучувам друг прашалник, дали родителите се тие кои ги „туркаат“ децата по секоја цена да завршат факултет со надеж за подобра иднина.
ако беше така тогаш во државава ќе немаше работник, келнер, хигиеничар..
секој според своите способности..подобро тоа отколку трупање на „неквалификувани“ кадри кои А не знаат да кажат после завршениот факултет а ти треба да му се обраќаш со: Др.(непознат). ма ајде..


Морав да пишам, иако глеам дека има зајадливости во темава.
Точно е дека има најмногу економисти и правници.Но точно е и дека секој како поединец треба да го извади максимумот од себе во полето на учење и да стане најдобар студент по економија или право.Тоа би требало да биде таа вечна борба, исто како во џунглата.Двајца лава се тепаат до смрт кој да ја ќари лавицата и да живее како вистински лав.Ми ја разбираш поентата нели?
Во Македонија се е некако така поспано, млитаво и мрзливо.Секоја чест на исклучоците кои навистина ја сфаќаат маката и го ценат трудот на нивните родители да одвојат пари за универзитетско образование на своето дете.Останатото се' се тешки паразити кои запишуваат факултет само за да не бидат исмевани од општеството грубо кажано.
Не е срамота да кажеш дека си келнер.Или што год да е.
Еве пример јас сум гипсар.Причината зошто сум почнал со тоа е затоа што сум бил во безизлезна ситуација.Сум знаел дека моите нема да можат да ми овозможат факултет.Нити средно не можеле да ми обезбедат ама сум се снаоѓал.
И сега ќе речеш, Шмекси гипсар.
п***а му матер тешко сељачиште а мислев е некој фин, образован момак.А он у радничко и се беси по скали.
Точно.
Сум се бесел по скали.Ме мавало струја, сум ги заштрафувал прстите со таа ебана штрафилица кога сум ги изведувал тие скриени светла.Сум паѓал и од скали.
Ама секогаш сум станувал, и секогаш сум продолжувал.Немам преголемо искуство за да кажам дека сум најдобар.Падежите што сум ги имал и огромниот мотив за да успеам во тој мочан живот се заслужни што јас мислам дека сум најдобар.
Е сега шмекси поминал низ трњето, па си решил во уште поголеми трња да влезе и да отвори бизнис.Ќе речеш сам свој газда.Лупаш пари, идеш на работа кога сакаш.Кога сакам отварам кога сакам затварам.
Бидејќи сум подолго време во приватниот сектор како сопственик на фирма, можам да кажам дека доколку во оваа држава не прикриваш, притајуваш или што год да е со цел да скрпиш некој денар на страна нема да ти остане ништо.

Дај пари за да закупиш тендер.Дај пари за материјал, за роба, за алат.Плати мајстори, плати казни за недовршено во рок.Плати казни за ѓубре на објект.
Ми останува не многу, ама плата налик на вработен на високо место во администрација.
Тешко ми е , претешко е да опстанеш.Трудот, нервите, времето што ги губам не ми се исплаќаат.Тоа е нешто што никогаш нема да ти се исплати во приватниот сектор како сопственик.
Само е нешто налик, знаеш, јас имам контрола над работите.Чекај, сега ќе правиме јас како што ќе кажам.
Не си свесна колку тешки одлуки треба да донесуваш.

Забегав, ама сакам да ти кажам дека во оваа држава, нити можеш да влезеш во државна администрација, нити пак вреди да отвараш свој бизнис.
Да, би отворил ама преку некој инкубатор со конкретно потпишани договори, проценти и слично.

За секоја друга идеја и потег, с т р а н с т в о.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Сара.13 and Kitty

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Дефинитивно го бирам приватниот сектор. Единствено приватниот сектор е оној кој може да ја подобри економијата , да го зголеми обртот на пари и стока, и со тоа да заживее целата економска активност.
Кај нас фабриките се затвораат, земјиштата не се работаат, приватните бизниси пропаѓаат а наспроти нив државните институции цветаат на суво и веќе се презаситени од вработени.
Нашата држава веќе има тенденција на рецесија која трае со години и мислам дека најголема кривица е тоа што луѓето не доволно се обидуваат во приватниот сектор. Насекаде во светот во развиените земји се форсираат малите и средни претпријатија, бидејќи најголем процент од бруто домашниот производ им се препишува на нивна сметка , а тука кај нас дури и се запоставуваат.
Ме чуди најмногу фактот што многу од младите амбициозни и паметни луѓе , се вработуваат по министерствата и др државни институции мислејќи дека направиле добри одлуки. Со еден збор се согласуваат на “затупување’“ во секоја смисла на зборот. Се губи ентузијазмот и тој млад човек веќе со ништо не може да придонесе за економијата во државата.
Но ние сме по природа малку помрзливи, и додека да ризикуваме по приватните сектори, да иновираме и да креираме нешто ново, наместо тоа ќе се вработиме во некое министрество со партиска книшка и ќе клатиме врата за да земеме каква таква плата.Па после ќе се жалиме како државата не не вработува.
Државата не е таа која треба да не вработи, ние сами треба да создаваме вработувања. Државата треба да создаде услови на ферска игра на пазарот на труд, и да се грижи за спроведување на макроекономските политики.
Кај нас е лошо што државата пика свои прсти и во приватните сектори, бидејќи не го остава пазарот на труд да ја следи побарувачката и понудата, туку сака таа да биде диригентот односно невидливата рака, а тоа не е можно доколку сакаме да бидеме пазарна економија.
Приватниот сектор носи поголеми ризици, поголемите ризици си носат опасност од губење на поголеми суми на пари , а кај еден сиромашен народ како нашиот ова се доволни причини за да прибегнат кон државните и “стабилни“ институции. (Не сакам да мислам како ќе испадне есапот на први, дали ќе има профит или не, вака знам плата ќе си земем)
Сепак поголеми предности како за луѓето така и за економијата во државата не сомнено има приватниот сектор.
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Би го избрала приватниот сектор, ама бидејќи го познавам многу добро тој ,,газда синдром,, и експлоатацијата насекаде во Македонија и многу работи што ме револтираат никогаш не би работела за некој да ми се*е над глава со извинение. Видов што е работава, особено од овие маливе бизнисменчиња и синчиња и ќеркички на мајка и татко што босуваат наоколу ...ко шо би рекол Венко лажната буржоазија ја затру земјата . И затоа освен на своја нива на туѓа не работам...би работела ако ме третираат како човек а не како смет. Секоја почит кон оние што немаат избор, факторите допринеле итн итн .
Ова мислење го имав и претходно и пред да работам во државен сектор , токму поради ваквите проблеми ја одбрав трудовата инспекција како моја професија . Не е битно дали си во државен , приватен сектор , бори се со сите сили да ти биде подобро, ама бори се и за пријателот, само со единство и висока свест за тоа кои се нашите права можеме да ги победиме насилствата и експлоатацијата врз нас и да го подобриме стандардот и општата состојба во земјата,.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Морав да пишам, иако глеам дека има зајадливости во темава.
Точно е дека има најмногу економисти и правници.Но точно е и дека секој како поединец треба да го извади максимумот од себе во полето на учење и да стане најдобар студент по економија или право.Тоа би требало да биде таа вечна борба, исто како во џунглата.Двајца лава се тепаат до смрт кој да ја ќари лавицата и да живее како вистински лав.Ми ја разбираш поентата нели?
Во Македонија се е некако така поспано, млитаво и мрзливо.Секоја чест на исклучоците кои навистина ја сфаќаат маката и го ценат трудот на нивните родители да одвојат пари за универзитетско образование на своето дете.Останатото се' се тешки паразити кои запишуваат факултет само за да не бидат исмевани од општеството грубо кажано.
Не е срамота да кажеш дека си келнер.Или што год да е.
Еве пример јас сум гипсар.Причината зошто сум почнал со тоа е затоа што сум бил во безизлезна ситуација.Сум знаел дека моите нема да можат да ми овозможат факултет.Нити средно не можеле да ми обезбедат ама сум се снаоѓал.
И сега ќе речеш, Шмекси гипсар.
п***а му матер тешко сељачиште а мислев е некој фин, образован момак.А он у радничко и се беси по скали.
Точно.
Сум се бесел по скали.Ме мавало струја, сум ги заштрафувал прстите со таа ебана штрафилица кога сум ги изведувал тие скриени светла.Сум паѓал и од скали.
Ама секогаш сум станувал, и секогаш сум продолжувал.Немам преголемо искуство за да кажам дека сум најдобар.Падежите што сум ги имал и огромниот мотив за да успеам во тој мочан живот се заслужни што јас мислам дека сум најдобар.
Е сега шмекси поминал низ трњето, па си решил во уште поголеми трња да влезе и да отвори бизнис.Ќе речеш сам свој газда.Лупаш пари, идеш на работа кога сакаш.Кога сакам отварам кога сакам затварам.
Бидејќи сум подолго време во приватниот сектор како сопственик на фирма, можам да кажам дека доколку во оваа држава не прикриваш, притајуваш или што год да е со цел да скрпиш некој денар на страна нема да ти остане ништо.

Дај пари за да закупиш тендер.Дај пари за материјал, за роба, за алат.Плати мајстори, плати казни за недовршено во рок.Плати казни за ѓубре на објект.
Ми останува не многу, ама плата налик на вработен на високо место во администрација.
Тешко ми е , претешко е да опстанеш.Трудот, нервите, времето што ги губам не ми се исплаќаат.Тоа е нешто што никогаш нема да ти се исплати во приватниот сектор како сопственик.
Само е нешто налик, знаеш, јас имам контрола над работите.Чекај, сега ќе правиме јас како што ќе кажам.
Не си свесна колку тешки одлуки треба да донесуваш.

Забегав, ама сакам да ти кажам дека во оваа држава, нити можеш да влезеш во државна администрација, нити пак вреди да отвараш свој бизнис.
Да, би отворил ама преку некој инкубатор со конкретно потпишани договори, проценти и слично.

За секоја друга идеја и потег, с т р а н с т в о.


Нема да речам така, ќе речам браво за Шмекси, браво што успеал да се избори во животот..тогаш кога било најтешко успеал, сам. без ничија помош.
Ти си пример за некои идни генерации кои кукаат дека немаат за факс и дека тука застанува животот, без борба.
нема ништо за срамење во тоа..тоа беше она што јас сакав да го потенцирав, ама немав личен пример..
ти си успеал на некој начин во животот и покрај тоа што не си имал можност да одиш на факултет..сега си газда нели, секако дека и тоа си има своја тежина, одговорности, обврски..ама сепак..си успеал, заработуваш, работиш.а тоа моментално во државава е привилегија.
сфаќам дека е тешко ама штом уште си во тој бизнис сигурно според сите пресметки, ти се исплаќа да продолжиш и да го работиш тоа.можеби и немаш друг избор, ама тоа е што е.Биди, а сигурно и си задоволен на некој начин што и тоа го имаш, подобро кога е тешко сам да можеш да си ги исправиш работите.
дека ништо не чини, не е некоја тајна во државава, ама и лесно е да се рече животот не е фер.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Би го избрала приватниот сектор, ама бидејќи го познавам многу добро тој ,,газда синдром,, и експлоатацијата насекаде во Македонија и многу работи што ме револтираат никогаш не би работела за некој да ми се*е над глава со извинение. Видов што е работава, особено од овие маливе бизнисменчиња и синчиња и ќеркички на мајка и татко што босуваат наоколу ...ко шо би рекол Венко лажната буржоазија ја затру земјата . И затоа освен на своја нива на туѓа не работам...би работела ако ме третираат како човек а не како смет. Секоја почит кон оние што немаат избор, факторите допринеле итн итн .
Ова мислење го имав и претходно и пред да работам во државен сектор , токму поради ваквите проблеми ја одбрав трудовата инспекција како моја професија . Не е битно дали си во државен , приватен сектор , бори се со сите сили да ти биде подобро, ама бори се и за пријателот, само со единство и висока свест за тоа кои се нашите права можеме да ги победиме насилствата и експлоатацијата врз нас и да го подобриме стандардот и општата состојба во земјата,.


Се сложувам воглавно само.... многу корумпирани имате во своите редови некако... не е на арно.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Кај и да работиш од овие две поделби истово ти треба.
Е некој тоа го прави преку вујковци владики,некој преку лижење г*ови,некои го прават онака ради ред колку да преживеат,некои немаат ниту избор,но има и исклучоци.
Воглавно секој се чука во градите или дека вредно се наводно сам постигнал во животот,а башка бил и жртва на околината и институциите,или дека бил наводно во суфицит со интелегенцијата.
Сам ништо не се постигнува во животот.
Ако не друго,психичката подршка,мотивација има голем удел во успехот на една единка во било кој од наведените сектори.
Но ретко кога им придаваме значење кога ги имаме.
581723_10151460596154133_1109660249_n.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and slb_bobo

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Приватен нормално , го испративме времето кога сите се тепаа за државна работа ..
Сведоци сме на нај престижните и нај успешните компании во Македонија и на топ 5 ,а и во светот се приватни ... (party)
 

Headache

Полноправен Член
14 јуни 2016
50
72
18
36
Ако можеш да влезеш на државно место зошто да не?! Реално, какви се испади се случуваат во приватните фирми, луѓе работат преку времено не платено, трпат мобинг, а работодавците се понесуваат како да се господари на универзумот. Никој не ги почитува законите, плаќаат државен рекет, работникот е на последно место! Сум имал прилика да видам сешто во приватните фирми, најболното е тоа што некој газда испровоциран од оние на кои што треба да им плати рекет или данок својата нервоза ја истура на работникот. А шефовите пак да не ја имаат таа функција која што им го дава тоа его ќе останат само едни обични мочковци кои ќе немаат храброст да се понесуваат така со луѓето кои чесно си го заработуваат својот леб! :)