кај нас е проблемот што после средно, 95% од учениците се запишуваат на факс..па кај го има на друго место тоа??
државна матура, па и не е некој фактор или критериум кој би требало да се зема за предвид при упис, сите го знаеме протоколот(како се решава тој матурски тест)
да се вратам на тоа погоре..по која логика од цела генерација која ја завршува учебната година, повеќе од пола можат да бидат правници?? или економисти...или било што..тука веќе вклучувам друг прашалник, дали родителите се тие кои ги „туркаат“ децата по секоја цена да завршат факултет со надеж за подобра иднина.
ако беше така тогаш во државава ќе немаше работник, келнер, хигиеничар..
секој според своите способности..подобро тоа отколку трупање на „неквалификувани“ кадри кои А не знаат да кажат после завршениот факултет а ти треба да му се обраќаш со: Др.(непознат). ма ајде..
Морав да пишам, иако глеам дека има зајадливости во темава.
Точно е дека има најмногу економисти и правници.Но точно е и дека секој како поединец треба да го извади максимумот од себе во полето на учење и да стане најдобар студент по економија или право.Тоа би требало да биде таа вечна борба, исто како во џунглата.Двајца лава се тепаат до смрт кој да ја ќари лавицата и да живее како вистински лав.Ми ја разбираш поентата нели?
Во Македонија се е некако така поспано, млитаво и мрзливо.Секоја чест на исклучоците кои навистина ја сфаќаат маката и го ценат трудот на нивните родители да одвојат пари за универзитетско образование на своето дете.Останатото се' се тешки паразити кои запишуваат факултет само за да не бидат исмевани од општеството грубо кажано.
Не е срамота да кажеш дека си келнер.Или што год да е.
Еве пример јас сум гипсар.Причината зошто сум почнал со тоа е затоа што сум бил во безизлезна ситуација.Сум знаел дека моите нема да можат да ми овозможат факултет.Нити средно не можеле да ми обезбедат ама сум се снаоѓал.
И сега ќе речеш, Шмекси гипсар.
п***а му матер тешко сељачиште а мислев е некој фин, образован момак.А он у радничко и се беси по скали.
Точно.
Сум се бесел по скали.Ме мавало струја, сум ги заштрафувал прстите со таа ебана штрафилица кога сум ги изведувал тие скриени светла.Сум паѓал и од скали.
Ама секогаш сум станувал, и секогаш сум продолжувал.Немам преголемо искуство за да кажам дека сум најдобар.Падежите што сум ги имал и огромниот мотив за да успеам во тој мочан живот се заслужни што јас мислам дека сум најдобар.
Е сега шмекси поминал низ трњето, па си решил во уште поголеми трња да влезе и да отвори бизнис.Ќе речеш сам свој газда.Лупаш пари, идеш на работа кога сакаш.Кога сакам отварам кога сакам затварам.
Бидејќи сум подолго време во приватниот сектор како сопственик на фирма, можам да кажам дека доколку во оваа држава не прикриваш, притајуваш или што год да е со цел да скрпиш некој денар на страна нема да ти остане ништо.
Дај пари за да закупиш тендер.Дај пари за материјал, за роба, за алат.Плати мајстори, плати казни за недовршено во рок.Плати казни за ѓубре на објект.
Ми останува не многу, ама плата налик на вработен на високо место во администрација.
Тешко ми е , претешко е да опстанеш.Трудот, нервите, времето што ги губам не ми се исплаќаат.Тоа е нешто што никогаш нема да ти се исплати во приватниот сектор како сопственик.
Само е нешто налик, знаеш, јас имам контрола над работите.Чекај, сега ќе правиме јас како што ќе кажам.
Не си свесна колку тешки одлуки треба да донесуваш.
Забегав, ама сакам да ти кажам дека во оваа држава, нити можеш да влезеш во државна администрација, нити пак вреди да отвараш свој бизнис.
Да, би отворил ама преку некој инкубатор со конкретно потпишани договори, проценти и слично.
За секоја друга идеја и потег, с т р а н с т в о.