Вонземјани & НЛО (генерална дискусија)

Дали верувате дека во вселената постои било каква друга форма на живот?

  • Да

    Гласови: 72 78.3%
  • Не

    Гласови: 11 12.0%
  • Не ме интересира/Сеедно ми е

    Гласови: 9 9.8%

  • Вкупно гласале
    92

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Пред некое време глдав епизода на Unsolved Mysteries каде збореа за посета од вонземјани во порурален регион од Масачусетс и имаше повеќе сведоци, меѓу кои и деца, кои тврдеа дека биле грабнати од вонземјаните и вратени една септемвриска ноќ во 1969.
Годината, секако, звучи секси и а ла Вудсток, па дали станува збор за групно лапање ЛСД или нешто чудно навистина им се случило, не се знае. Како и да е, не делуваше многу на ЛСД бидејќи стануваше збор за луѓе што тогаш биле деца, млади домаќинки и нивните постари мајки, итн.
Имено, се работеше за отприлика 4-5 души кои тврдеа дека биле киднапирани и не се сеќаваа на неколкуте часа што ги минале со вонземјаните, но имаше и такви што само потврдија дека ја виделе светлината (не Божја :zelen).
Искрено, ми се допаѓа како новиве продолжетоци на Неразјаснети Мистерии ги склопуваат приказните, па така оваа немаше налудничав тон или да прави сензација од приказната, туку ги остави мештаните да ја раскажат својата приказна, а самото место, според снимките, делува баш ко место кое ви иде на ум кога ќе помислите за посета од вонземјани. :D
Ако некој го интересира, епизодата есе вика "Berkshires UFO".
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider