Толку беше исфорсиран човекот низ приказната што знаев дека има некаква врска со Созе. Ме изненадиле други помалце познати филмови и повеќе ми се допаднале.
Имаше врска од почеток, затоа го имаа приведено нели, да дознаат нешто за Созе, плус се прикажуваше како жртва...
Друга ствар е хајпот кој го има одреден филм, да кажеме икс филм има јак хајп и гледачот го гледа со којзнае какви очекувања, да бидат откриени тајните на универзумот, кој го уби Кенеди и колку злато останало во Форт Нокс - седнува го гледа и после си вели `шо за ова толку галама`

Или ќе прочита на нет за филмот ова или она и ќе го гледа со веќе оформен став.
За Клокворк Оринџ беше таков случај, филм на кој му се дадени епитети култен, класика, генијален и слично - некако не ми се виде дека ги надминува границите на своето време иако има неколку препознатливи сцени, но веројатно има влијание тоа што го гледав со големи очекувања поради хајпот кој го прати.
А ова за оцени на имдб никогаш не сум гледал тоа, ми нема смисол сето тоа, не знам каков треба да е еден филм за да има оцена 10/10 тоа значи дека е совршен што го наметнува прашањето како е можно еден филм да е совршен?