1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Вкусови и филмски мислења

Дискусија во форумот 'Филм' започната од Altaïr, 20 ноември 2014.

  1. Altaïr

    Altaïr Shinigami

    Зачленет на:
    23 јули 2012
    Мислења:
    5,752
    Допаѓања:
    2,574
    Ми менува ако не го кажеш тоа.
     
  2. The Tramp

    The Tramp Филмохолик

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,367
    Допаѓања:
    4,942
    Ондак научи да толерираш други мислења и вкусови, зашто ко што гледам уште од прв пост си почнал со ругање на членови и коментари што не ти се свиѓаат. И дај смени си насловот на темата во ЧУДНИ И ГЛУПИ КОМЕНТАРИ ЗА ФИЛМОВИ СПОРЕД СОЛДНЕР и онака името е утнато, бар поправи го.
    И престани да ги ругаш другите, а за тебе да имаш вишо мислење, со ова само докажуваш колкава тапа си.
     
    На melpomena му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Altaïr

    Altaïr Shinigami

    Зачленет на:
    23 јули 2012
    Мислења:
    5,752
    Допаѓања:
    2,574
    Ако кажам за твојот омилен филм дека е најглупавиот некогаш направен и најдосадниот, што ќе кажеш?
     
  4. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232

    Јас ја направив темата после неговиот пост, пошто многупати сум читала така исмевања за вкусовите и сакав да има посебна тема каде ете некој ќе ни објасни зошто не смееме да не ги сакаме тие "познатите" филмови. Имам пишано таму на првите страни.. Моментално ми текна тој наслов, мислев мислев и не можев подобро. Повели и ќе го смениме : )
     
  5. The Tramp

    The Tramp Филмохолик

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,367
    Допаѓања:
    4,942
    Кажи слободно, не ми смета мене. Јас ако гледав секој што ќе каже, кај ќе бев.
    Веќе дадов предлог во постот што си го цитирала. Без разлика што ти си ја креирала ко модератор.
     
  6. Altaïr

    Altaïr Shinigami

    Зачленет на:
    23 јули 2012
    Мислења:
    5,752
    Допаѓања:
    2,574
    Можеше и прееска ова да го кажеш, а не да ми кажуваш колку сум бил тапа. Нека биде така како што викаш, еве не ги ругам другите повеќе.
     
  7. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Буквално истото е, само со други зборови. Дозволено ми е на секого да го искаже своето мислење и да даде импресија за одреден филм, а тука спаѓаат и тие работи - не е добар, глуп е и не е оригинален. Ако мене нешто ми е глупо/неоригинално, не значи дека и тебе ти и поради тоа, нема простор за убедување.

    Зарем тебе би ти сменило нешто туѓото мислење? Ако некој филм ти се допаѓа, како може да ти смета туѓо ругање или восхитување на истиот тој филм? Нема логика, искрено.
     
    На melpomena и The Tramp им се допаѓа ова.
  8. Altaïr

    Altaïr Shinigami

    Зачленет на:
    23 јули 2012
    Мислења:
    5,752
    Допаѓања:
    2,574
    Добро во ред е, имате право нема логика што зборувам. Еве не се ругам повеќе. :)
     
  9. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Дали така ми изгледа, или според авторот на темава никој - ама баш никој не може да има сопствено мислење за филмови?
    Мене ми е сега срам и страв да кажам нешто да не ме стави на тапет, оти дефинитивно мојот вкус премногу се коси со неговиот - а време за објаснување со луѓе што гледаат само напред во огледалото пред себе, а не на периферијата... немам баш.
    Зошто ги посочуваш сите што кажале нешто лошо за филм што ти се допаѓа? Еве јас можам да ти кажам дека Fight Club не само што е еден од најдосадните филмови, туку можам да кажам дека дури и trailer-от од некои 5 минути ми се чинеше вечност - не ни седнав да го гледам.
    Можам да ти набројам 10 причини од тоа:
    - Edward Norton не можам органски да го поднесам, а не да гледам филм од 2 саати со него. Толку вештачко ја движи устата што почнува да ми се болва - како човекот да има опнато сто седативи па веќе рефлексите му се ептен под ниво.
    - Ликот на Brad Pitt е толку хаотичен, неодреден - ова ти го кажувам на ниво на трајлерот што го гледав. Демек е фраерчина најголема, ебач прв, и туку го гледаш рипа како бебе по дома - која е поентата да се има таков лик?
    - Во трајлерот забележав толку одвратни сцени - со пингвини што си се лизгаат - детски филм е или што?
    И можам да ти редам до утре причини зошто мене тој филм не ме привлекол дури ни да го погледнам - и ова мое мислење ќе се коси со твоето и на уште 10 други мислења. На IMDB овој филм е оценет со над 8 оцена, и тоа мене ме апострофира како чоек што нема поим од филм? Не, туку како човек што и покрај колективната оцена, сепак има право за индивидуалност.
    Има една стара: за вкусови не се расправа. :)
     
  10. Altaïr

    Altaïr Shinigami

    Зачленет на:
    23 јули 2012
    Мислења:
    5,752
    Допаѓања:
    2,574
    А прочита кога пишав дека не ми смета што некој има различен вкус од мојот? Друго ми беше муабетот мене, ама ќе престанам и со тоа дека нема логика.
    Нека не ти е страв, пиши си што сакаш, мене треба да ми е. :)
     

Сподели: