Вицови

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Се враќа синот касно од излегување, а мајка му и татко му почнуваат да му викаат:
- Каде си ти досега? Колку е часот? Имаш ли ти куќа?
А синот им одговара:
- Немам, чекам да ми ја препишетe.

Стојат две мали деца пред црква и гледаат како од црквата излегува штотуку венчан брачен пар… Едното дете му вели на другото: - Гледај сега паника! Трча до младоженецот, го
фаќа за рака и му вели: - Здраво тато!!!
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133

Трпе отишол во Бугарија на шопинг. Ја паркирал колата, и на шофер шајбната напишал "внатре нема ништо вредно".
Кога се вратил од шопинг, што ќе види, колата обиена, скршени џамови, внатре се испретурено и нашол едно ливче на кое пишувало:
"Ас ум должен да проверам".!



Отишол Трпе да се слика за возачка. Чекал, чекал, чекал, дошол на ред, и го сликале. После 1 час ги зема Трпе сликите и :
- Лелееее, па видете каков сум излегол, катастрофа!
- Добро, сликиве за возачка да не ви се?
- Да!
- Е, па што сакате, беш таков ќе изгледате кога ќе ве запре полиција!
 

Blondie

Староседелец
19 февруари 2012
612
1,085
1,093
Учителка ги прашува децата:
- Деца, кое е најголемото нешто кое може да го лапне човек?
- Јаболко, учителке!
- Друго, деца?
- Круша, портокал…
- Друго? Кажи Зоки Поки.
- Телевизор, улчителке!
- Аман бре Зоки, кој јаде телевизор?
- Секоја вечер кога си легнувам тато и вели на мама: „Ајде гаси го телевизорот и лапај го“.
 

TheCat

Староседелец
22 февруари 2012
193
381
663
Го прашале Англичанецот што ќе направи ако има гајба јаболка. Тој одговорил:
- Ќе ги раздадам на 100 англиски деца!
Го прашале Французинот што ќе направи ако има една гајба јаболка. Тој одговорил:
- Ќе ги разделам на 100 убави француски девојки!
Го прашале Македонецот што ќе направи ако има гајба јаболка. Тој одговорил:
- Ќе јадам колку што можам, а тие кои не можам да ги изедам, ќе ги нагризам – никој да не ги јаде!

Македонецов сигурно од Охрид е :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum and Blondie

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Игра Перица фудбал со другарите на дожд и мајка му вика од прозор:

Перица веднаш влегувај дома, врне дожд!

Перица и одговорил на тоа:

Па и надвор врне!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ScoobyDoo

Maks

Староседелец
Дошла плавуша на село и видела овчар со овци.
-Колку години има оваа овца?

-Има две години.
-А како знаете дека има толку?
-Знам по роговите.
-Еии, стварно, има два рога!
 

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Сине како помина на испит?
-Побожно.
-Како тоа побожно?
-Па така, професорот прашува, јас се крстам.
Јас одговарам, професорот се крсти.
 

street_chic

Староседелец
14 февруари 2012
1,433
3,678
723
Portofino, Italy
Исус, Св. Петар и Јуда се шетале и наишле на една река. Тогаш Исус им рекол дека со верба можат да одат и по вода. Седнал, се молел 10 мин па ја преминал реката. Се помолил и Св. Петар 10 мин па и тој ја преминал реката. Се помолил Јуда, и пробува да помине ама паѓа во реката. Искача и Исус му вели: "Мораш да се молиш со верба, со срце!" Се моли пак Јуда едно саат време, пак пробува и пак пропаѓа. Пробувал вака Јуда 20тина пати и секогаш овие му велеле дека мора да се моли со срце. После некое време пред Св. Петар да каже да се моли со срце, Исус го прекинал и му рекол:
Абе пеер, доста го дупиме. Ај кажи му кај се камењата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum