Тоа е таа неофанзивна веганска психа. Ако не си веган си неинформиран и само се труеш.
Не, туку цело време ви пишуваме факти кои модерната наука веќе ги има докажано, а вие упорно ги отфрлате.
Јас на вакви теми имам постирано безброј предавања од професори и научници, примери од студии поткрепени со признаени докази и сето тоа се смета за проповедање и тресење зелени.
Не мора да се согласуваш со мене, далеку од тоа дека очекувам или пак сакам да те убедам, но кога веке дебатираме дај разгледај, прочитај малку од тоа што го приложувам како аргумент, не отфрлај се поради предрасудите кои ги имаш. Се кажавте, на секој можен начин го исмеавте веганството, а не дадовте ниту еден валиден аргумет во прилог на темава. Темава предтоставувам не е отворена за да се препукуваме, ако сакаш да дебатираме треба и ти да ги читаш нешто од тоа што го пишувам.
Нутри генетиката е сериозна наука која денес на многу начини има докажано дека храната многу влијае на нашите гени и дека сите болести можат да се излечат со веганска храна, постојат сериозни студии од сериозни научници, а постојат и безброј примери на луге кои се излечиле од болести преоѓајки на веганска храна. Читни нешто, па тогаш со задоволство ке го прочитам твоето мислење и ако имаш доволно добри аргументи кои би бие против моето мислење јас тоа ке ти го признам и ке видиш дека иако сум веган, не ми е важно секогаш да бидам во право