Иако понекогаш ептен ме нервираат со муабетите за мажење, тие ми се буквално родители.
Не можам да го замислам животот без еден од нив, без нивните секојдневни рутини и навики, приказните за подобрите времиња, за Тито, за нивната љубов и љубовта на Онур и Шехерзад.
Се надевам уште доооолго ќе ми раскажуваат како на сред село додека дедо ми свирел на усна хармоника баба ми играла во првите редови, како се заљубиле и како жестоко се лутела кога место Наде ја викал маде ( нешто што секогаш ме смее до солзи ), раѓањето на мајка ми, моето, сите згоди и незгоди од тоа време...
Оној кој немал среќа да се дружи со своите баби и дедовци, пропуштил огромен битен дел од детството.