Ваша поезија

Patika

Староседелец
21 февруари 2018
41
19
608
Air-Jordan.jpg

На плажа

Беше прекрасна како секогаш,
тој бакарен тен и сјајот на нозете,
ме излудуваше.

Беше сончево иако облакот те бараше,
додека мирно спиеше,
останав без здив.

Беше ситен песок, а ти во патики,
само нив ги запамтив,
ти остана во заборав.
 

Patika

Староседелец
21 февруари 2018
41
19
608
1457953370_ad4.jpg


ПАТИКИТЕ ШТО ТАА МИ ГИ ПОДАРИ

Сакав да бидам поблиску до тебе,
се качив на покривот,
градот спиеше,
а ти некаде разбудена ме лажеше!

Сакав да те замислам,
погледнав кон темното небо,
немаше звезди,
а ти некаде сонце поклонуваш!

Сакав целата да те имам,
ама времето не се враќа,
затоа пријателу мој земи ги,
патиките што ТАА ми ги подари!
 

Patika

Староседелец
21 февруари 2018
41
19
608
tocka-168715.png


ГО САКАМ СКРИЕНОТО БОГАТСТВО ТВОЕ

Колку нежно ги одврзуваше патиките,
бели врвки како снежен пат до твојот дом,
твојата најголема облина зрачеше,
а таму твоето богаство сокриено.

Блиска си ми, а сепак непозната,
мила и нежна, а сепак дива,
те посакувам, а сепак молчам,
твоите долги нозе поглед ми одзема.

Висока карпа над немирна река,
пенлива вода корито пробива,
силен жубор бран распрснува,
виножито се појавува.

Тишината наеднаш победува,
солза од око капнува,
дали повторно останав сам?
во рака ја имав твојата патика!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: antonio

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Од каде моето зреење во тебе,
со еден поглед ги сруши сите ридови во мене,
со дождот истечен од твоите очи,
во срцево раскажуваш приказна недоречена,
ме будиш и се уште сонувам,
секое утро,
со твојот глад во пред полноќ го претвораш,
да се спојат усниве со твоите,
повторно,
венчавајќи се со темнината над канделабрите,
јас не те бакнав тогаш во неа,
ниту под нив златно и жолто,
јас го допрев саркофагот на љубовта пред нив,
да го прочитам моето и твоето име на него,
со ножот на сребрената месечина врежани,
и кога те нема,
трепериш ти,
ко фенер восочен и недогорен,
со секој заминат миг без тебе,
ми го осветлуваш патот,
за да дојдам,
да патувам и отпатувам,
до олтар од олтар,
туѓ,
како голтар,
за да те пронајдам и не те најдам,
те нема,
а толку те има,
вдишувајќи те од тајна потајна,
ќе прснат ребрава во бели одари и уште толку ѕвезди,
нема да им се знае ниту крајот,
ниту почетокот,
ќе виснат гробишта пусти,
диво и вистинито,
се започна во ноќта и не заврши во денот,
ме опи со виното на твојата дрска убавина,
бакнувајќи те во брчките невини на твоето лице,
откривајќи ја со солзите на самовилите твојата става,
испреплетена со мојата,
меѓу прстите мои и твои,
со нашите воздишки,
донесени и однесени,
со врел и мокар поветерец,
жив и тивок,
од мирисот на твојата коса исткајан,
за да го видам небото,
и во него уште едно,
последно,
за овие очи слепи,
прогледани и твои,
таму каде душата моја од телото твое се корне,
да спомне,
каде квечерината во зората се распаѓа и умира,
за нечии среќни корени во земјата,
без лелек и горчина,
за таа една одродена темјаника.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Понекогаш и јас заборавам која сум.
Во студеното сивило
бев сонце,
врз еден отпечаток дробен во земјата
бев цвет,
за еден далечен ветар
бев пеперутка,
на небото во едни спокојни очи
бев виножито,
бев љубов,
бев насмевка,
бев….
Ќе ја видам ли пак таа насмевка
искрена, од срце,
без маска,
на лицето каде се чувствува дека животот не завршува,
па да се насмевнам и јас во ноќта,
да се родам уште еднаш
како роса во очите твои,
усните да ти ги допрам со моиве,
отровот мелем да биде,
ќе заживее ли уште еднаш
душава потрошена,
во која има место само за тебе,
во телово што те посакува
со истиот жар на првиот допир,
во очиве што те чекаат со истиот копнеж,
во срцево што те сака со истиот занес,
но овојпат тивко,
само така ми дозволуваш,
толку тивко што и тишината може да се засрами.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
И иконите ќе се расплачат,
пред да те допрам повторно,
ќе стивнат сите дождови,
и облаците ќе се отпараат капка по капка од нив,
со вретеното железно од крвта наша натопено,
бесконечно,
ќе те бакнам да те создадам една на усниве,
да замолчиш во тишина,
без бол и непребол,
ѕвезда да се сториш,
молитва да се создадам,
таговна и среќна,
во сето неискажано и сокриено во нечии првородени очи,
кои бдеат во ноќта самотна,
со самовили надоена,
од сенката на сонцето сонливо,
да ја раскажат вистината,
за твоето и моето постоење,
до бестрага,
а од таму кршлива судбината да порасне,
посилна да ја вдишеме во пупките,
како вечен спомен,
на сѐ идно и свршено,
расцутено,
во магичен јазол,
затворено,
со последниот здив на пролетта.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Зборови
намерни, ненамерни,
сеедно, шлаканица на премрзнат образ.
Зборови
кажани, премолчени,
сеедно, вистината се смее во лице.
Зборови
благи, горчливи,
сеедно, надежта не изчезнува.
Зборови
како ножеви
и една ружа,
дива ружа полна со трња,
тврдоглавост,
исреност до болка,
а внатре… срце полно памук.
Вреди ли крвта да го натопи?
Веднам глава
кога насмевката е лесна,
кога е кроток дождот,
кога ветрот не ги допира цветовите таму на дното,
таму каде не се слуша веќе човечки глас,
таму каде мислите почиваат,
таму каде минутата е вечност,
а времето само рака заплеткана во една долга коса,
таму се наоѓа, таму,
единствениот збор што трае,
како едно име,
како дивата ружа,
и ја пие од земјата,
сета тишина за едно сеќавање во сенката на рајот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar and Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Прскаат зборовите во пепелта,
моја и твоја измешана,
хранејќи ја со воздишката на небото тмурно,
откорнато од нашите гради,
ќе останеме само неми набљудувачи во неа,
препознавајќи се во исконското на огнот од кандилото запалено со нашите прсти,
некогаш и сега,
под проколнатиот венец на ноќта,
кој бледее во нејзината коса,
исткајан со конецот на темното чекање.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ископај ме во лузните,
мртви и живи врз твоето тело,
во раните земјосани и цветни,
не ќе ме најдеш таму,
ниту во црнилото на виножитото,
ниту во небото бело,
јас очи веќе немам,
ниту срцево е мое,
склупчен врз прагот на љубовта,
го длабам со ножот на мојата темна крв,
својот лик во восочен олтар,
и во него едни очи од ѕвездите украдени,
растопени со снегот на првото сонце,
никнато последно во сенката на задоцнетата пролет,
за нечија туѓа насмевка под белиот вел,
чии бранови златни во докот ги плиснаа,
сите вистини,
пијани, полуживи и модри,
сите мои дни од ноќта потемни,
разминати со дождот од бисери и едни коси најубави и сонливи,
гладни и жедни,
змијулесто натопени врз орвеолот запишан во вечноста,
кој фенери во ноќта,
светилник,
за залутаните,
скршени од моите и твоите срчи,
раскажувајќи приказна,
од зборовите погласни,
со рацеве немо и сино исковани,
да бидам крв,
да бидеш дамар,
на едно постоење,
на една небиднина.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Patika

Староседелец
21 февруари 2018
41
19
608
Matursko-ve%C4%8De-01.jpg


ЦРНО БЕЛО, ТОА СИ ТИ !

Да си еурокрем,
би те лижел цел ден,
да си црно бел телевизор,
би зјапал со часови,
да си црно бела шаховска табла,
мат ќе беше неизбежен,
но ти си само една бело црна патика!

Патика како патика,
па уште безбојна,
не знам зошто сопрев,
кога на небото нема виножито,
не знам зошто сопрев,
кога ветер не ми го лади лицето,
зарем твојата нога ми го одзеде здивот?!

Не ме гледај така,
рамнодушен сум кон твојата насмевка,
обични се твоите црни очи,
црната коса не ти е нешто посебна,
сигурно ќе те излажам,
ако само ти кажам,
дека ми се допаѓаат твоите црно бели патики!