Улици без хоризонти,
во моите непоканети мисли,
истекуваат калдрмави ко лава под стапалава,
некогаш и некаде запишани во мене,
дур не ги пеплосаа коленава,
отпарани од ноќта,
кои сега не можат да му се покорат на вишното небо,
тоа убаво и пространо небо,
што бдее над нас несебично и им го одзема здивот на очиве.
Ми останаа само рацеве со лузни,
со нив подадени, таму горе високо,
до недоглед,
да ги поздравам брчките огледани во сонцето,
сплотени и молкум,
далеку од сечии очи,
сам без никој на овој свет,
чекајќи го долгото враќање на огнот во мојот дом,
сокриен во крвта,
како патоказ,
да не залутам повторно и распнато меѓу ѕвездите,
без тело и душа.

Последна промена: