Ваша поезија

-alf-

Староседелец
28 август 2015
346
158
1,053
93
Испратена: 17.Јануари.2012 во 13:42


Каде замина мојата сенка,никаде ја нема
Кој ли ми ја зема,каде ја снема
Сонцето го чекав да изгрее нејзе да ја видам
Месечината ја барав,очи со нејзе да исплакнам
Ниту сонце изгреа,ниту месечина видов
Како да продолжам без мојата сенка да живеам

Избезумен по патот, гласови слеп ме водеа
Како извор планински жубореа,тагата ми ја смируваа
Тоа била мојата сенка,околу мојот врат стегната
Силно ме прегрнала и на уво ми зборела
Радувај се душо моја,ја најде сенката своја

Во љубовна прегратка од земниот прав ќе станеме
Сватови и гости ќе поканиме,свадба да направиме.
Никој повеќе на нејзе нема да стапне
Маж на темнината моја ќе станам
Во постела брачна ќе ја галам,додека не зачне
и од мојата темнина да ми се роди светлина.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Patika

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Доаѓам на темава и гледам, веќе сум споделил нешто тука крајот на 2017-та :)
Ете уште нешто, собрано од блогот...

Дајте ми вина што се пенат…

Не сум јас за гравови и посни баници,
Не сум јас за крстови и гнасни мириси
на темјани старо-еонски.

Дајте ми вие мене вина што се пенат,
И жени што знаат да одат по виножита,
и бесконечни патишта по кои одат малкумина.

Тоа ќе го проголтам како бездна,
И нема да се наситам довека.

Но не ми давајте посни гравови
и старо-еонски гревови,
О вие дрдорковци на
старо-еонските философии,
Не ми давајте смрт-јалова, ужасна!

Дајте ми од пенливите вина на Дионис,
за да се разбудам меѓу ѕвездите во вечноста,
но мавнете ги од мојата трпеза на животот
вината што мирисаат на крв застоена
која ја нудите на бедните за да воскреснат.

Дојдете и вие, браќа и сестри,
бидете дел од вечноста во ноќта која не минува.
Дојдете и пробајте го пенливото вино на боговите,
крвта на вечноста.

- Хептаграм XI поезија
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar and Patika

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Се бориш против нас,
како да не сме доволно казнети,
како бршленот да не ги замотал доволно своите правливи зеленила
околу бедрата изморени,
потонуваш во тишина,
како да не ти тежи недореченоста,
како да не сакаш да ја зачуваш својата и мојата хармонична треска
на која не може да ѝ се одолее,
ја гушкаш самотијата,
како да не ни беше доволна,
како да не го чувствуваш топлиот јазол на присутноста,
бегаш,
како да имаме илјада животи.
Можеш да одиш од мене,
ама од себе не можеш,
и не ќе ја почувствуваш расонетата среќа од која се шират зениците,
како далечни брегови со златни песоци,
каде водите никогаш не се повлекуваат,
можеш сѐ да заборавиш,
ама секој здив што ќе го вдишеш ќе те потсетува на нас,
во денот, ноќта,
раното утро, зајдисонцето,
водата или огнот,
очите, усните, косата,
светот и тишината,
можеш сѐ со мрак да прекриеш,
ама кандило имаш во душата,
светлина која го натрупува телото мое и твое, наше, едно,
со желбата која со ништо не се смирува,
како прсти кои ги протриваат крвта со свилата измеѓу нашите срца,
како огледало што ја рефлектира среќата на совршената креација,
а таа љубов е,
среќа е,
го знаеш тоа.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar and -alf-

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ископај ме во утрината,
пронајди го телово заспано врз одарите на ѕвездите,
одземи му ја со дланките и таа една ноќна светлина проколната во очите,
со неа издлаби го бакнежот на тие усни што љубат искрено во мојата крв,
измешај ја со твојата,
измиј го моето лице со твоето,
да им пркосиш на розите,
нека и небото се сруши врз нив,
проклети нека се,
не ќе ме засегне нивното венеење во пената на модрите облаци,
се лажам од непребол знам,
ќе расцветаат тие и после моето последно будење,
не сум мудар со свеста спирална од немоќ,
до бестрага сум груб со зборовите,
зол самеам и зреам без тебе,
а тие се пред мене,
во овие стихови непоканети,
со еден здив искажани,
пусти нека се и јас со нив,
колку боли што нагазив на нивните трња и нека не си ти,
со тие рози црвени,
од квечерината поубави,
со кои живееш во мене.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris* and Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ноќта завива со дивиот ветер,
пустоши во ребрава со секој здив,
одземајќи го мојот,
очници ѝ се моиве очи,
а градиве се мека постела за сите цветови откинати од неа,
разбудени со покорноста на сарделите,
спуштени длабоко во душава,
која се искачува до небото со прсти од мастило,
за да те сретне повторно,
да ги негува за тебе,
сите изгрејсонца и квечерини,
со љубовта од една бистра река истечена,
помнејќи и не сеќавајќи се на сето искажано и неискажано со бакнежот во минатото,
во кое те добивав како божество и те губев како проклетство,
запишано на нечија дланка недопрена,
со немиот плач на судбината,
која ја сонувам во велот од вечноста,
со трага до бестрага,
за да се вратам поинаков,
во истата ти,
да бидам до тебе,
пркосејќи му на времето,
одродено од убавината на сѐ она што не бевме,
а го живеевме поинаку.
Ноќта завива и чудни стихови повива,
во еден маж,
за една жена.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris* and Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Знам

Ноќта се буди со пурпурниот рог на немата квечерина,
ја создава тој совршена за тихување,
знам,
ќе залутам повторно со неа,
во градината на мртвите,
и ќе ја уживам преполн со себе,
ќе му се препуштам на тој огнен цвет во градиве кој дише со неодсонуваното,
врз пеплосаните усни на мртвите,
со изгниените корени на недореченото,
што спокој не им дава на очиве,
знам,
не е тоа проклество,
одамна било така запишано,
за години и години да се мудрува,
барајќи зрела капка во дождот кога го нема,
во дијалог со небото,
низ времето,
од едно вретено со бол натопено,
до среќата на една растопена свеќа,
знам до бескрај,
не ќе се допрам,
поинаков овде и сега,
во повторното треперење на ѕвездите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Нешто од она што е „моја поезија“ пишувана на блогот... ова е пишувано 2016-та, но создадено е многу одамна...

Вратете ме на Огнот

Ако е Живот само она по кое што Kопнееме,
Вратете ме на Огнот!

Ако е Живот само Смртта,
тогаш вратете ме на Огнот.

Кога Времињата ќе престанат да постојат,
Kога Здивот ќе се скамени
помеѓу Смртта и Животот,
Kога Водата ќе престане да тече
и ќе бара одмор од вечното шепотење,
Kога Земјата ќе го замрази Ветрот
и неговото вечно лутање,
Kога Љубовта со нож-заблуда
ќе престане да убива,
Kога Имињата
ќе бидат само спомен на Иднината,
Kога Минатото ќе се помеша со Вечноста
-Убијте ме.

Убијте ме со мисла.

Со Ветер сличен на празнина
пратете глас-самотија,
да талка, бара души самотни,
вечни талкачи низ Ништото,
да бара Заборав…

Убијте ме со Човечност, со Збор…

Но,
Вратете ме на Огнот,
Последното мое и твое почивалиште,
Тајна над Тајните.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: pozdrav eden topol

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Ќути!
Сакај и ќути,
подари го срцето без прашања,
или затвори ги кепенците и заклучи го.
Почитувај и ќути,
не барај возврат,
заслужи ја.
Љуби и ќути,
дај се цела,
не мора никој да знае,
или изгори во сопствените желби.
Отвори ја душата и ќути,
нека се капат во нејзината чистота,
или крени ги ѕидовите повисоко,
никој да не може да ѕирне во неа.
Клекни на колена пред љубовта и ќути,
подај ги рацете без да очекуваш прегратка,
или биди џелат на сопствените копнежи и ќути,
замолкни веќе еднаш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Би сакал да можев да заминам,
но твоите прамени се како синџири златни,
расцветани и нанижани околу мојот врат,
во сенка и на сонце исти,
безвремени,
би сакал да застанам онаму каде што не можеш ти,
но не сакам да продолжам каде не сакаш ти,
толку многу сакам сѐ што не сакаш ти, кога научив да сакам,
но не сакам,
само затоа што знаеш да ме насмееш и расплачеш,
без да знаеш,
да можев да го мразам денот кога те запознав,
но не знам,
затоа што во ноќта си толку убава и кревка светлина и знаеш да ми кажеш нежен збор кога ми е толку потребен,
од злоба која не ми е позната ќе речам само понекогаш,
за да не истечеш целата во мене,
за мене си повеќе од добра причина да не заглавам во ноќта со тажни стихови и никогаш не ќе ти го простам тоа,
сиве овие години давав некому од себе,
парче живот за ткаенина свилена,
ограбен бев,
но најсреќен сум кога земам од тебе, сега и овде кога си тука,
далеку од минатото и иднината,
си ми едно небо со диви облаци,
со две ѕвезди мои питоми,
од очите ти,
во срцево запишани,
нека останат тие во мене следните илјада години,
а потоа кој знае,
можеби ќе заминат,
а можеби и ќе ме забременат,
со вечноста на љубовта.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Iris*

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
@ na tebe vechen nemiru
Znaes li sto e poteshko Od bremeto na nevremeto?
Ochi polni ljubov poglednati vo neljubov.
Znaesh li sto e predolgo?
Trpenieto Na chekanjeto na nedoagjanjeto.
Znaes li sto e pretazno?
Posakuvanjeto na doprenata dusha izgubena vo minatoto.
Znaes li sto e preglasno?
Tishinata koja ochajno ja zamolchuvam so taga.
Znaes li sto e ljubov?
Slobodata na duhot I teloto koe ti go podaruvam na mekite dlanki za da go duvnes so vozdishkata vo nepovrat.