Стотина сни,
во јата,
од очите негови беа испливани,
некогаш сини, а некогаш црвени,
не будејќи живот во него,
барем некаков,
а само неколку зборови нејзини,
од срцето ѝ откинати,
што ги запиша во градите негови,
со усвитени допири,
меѓу ребрата пастелни,
беа доволни за тие да почнат,
да дишат среќно,
со силен екот во утробата на утрото,
за пред нозете да ѝ ги постелат,
сите ѕвезди згаснати во ноќта,
да ѝ го осветлат за последен пат,
чекорот до љубовта,
во која ќе немеат двајцата со вечноста,
тој за неа,
таа за него,
со звукот сокриен во дождливиот хоризонт.
во јата,
од очите негови беа испливани,
некогаш сини, а некогаш црвени,
не будејќи живот во него,
барем некаков,
а само неколку зборови нејзини,
од срцето ѝ откинати,
што ги запиша во градите негови,
со усвитени допири,
меѓу ребрата пастелни,
беа доволни за тие да почнат,
да дишат среќно,
со силен екот во утробата на утрото,
за пред нозете да ѝ ги постелат,
сите ѕвезди згаснати во ноќта,
да ѝ го осветлат за последен пат,
чекорот до љубовта,
во која ќе немеат двајцата со вечноста,
тој за неа,
таа за него,
со звукот сокриен во дождливиот хоризонт.
Последна промена: