Ваша поезија

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Niz site premrezija i mrezi
Vo sekavanja ne tolku svezi
Izvirash kako reka od dlabocina
Sonuvana i neodsonuvana.
Kako veter vo grb
Pridvizuvash svetovi paralelni
I rushish zidovi nevidlivi
So namevki iskreni.
Kako da te vikam , koe ime da ti dadam?
Kade da te najdam? Kade da te prepoznam?
Iljadnici prashanja so samo eden odgovor-ti.
Koga ke zaspijam
Socuvaj mi go sonot,
Koga ke umram , vardi mi ja nasmevkata,
Tvoja e.
Koga ke se rasplakam soberi gi solzite,
I poploci gi tvoite patista
Za da polesno cekoris
So lesnotija.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Повеќе од доволен бол

Ете си повторно,
под исто небо,
далеку од сите,
со неа на дланките твои,
ја милуваш со уште една квечерина,
нејзината црна коса,
нејзиното самоуништување во љубовта,
го скротуваш крви,
не даваш да изгори,
со туѓи солзи,
во исти очи,
кога би стоел пред тебе патоказ на кој пишува таа,
би го избрал и по цена да ги продадеш сите сништа,
во кои виде безброј раѓања да би преживеал,
би зачекорил,
да пронајдеш барем и црни чувства,
за миг да ти намигнат во градите,
и распукаат во жестока лава,
и повторно нека се скаменат и претворат во вечност,
на незнаен ти во сребрена приказна,
која плута распната на површината од нечие проклето море,
во кое не можеш да земеш здив љубовен,
и ја голташ смртта жива,
предозирана од сина тага,
со секој одминат бран,
и тоа ќе биде повеќе од доволно,
и како да не може да биде поинаку,
толку е темно во тебе крви,
и се жалиш себе што мора да е така,
да можеше да го откорнеш срцето од градите,
и безмилосно да го здробиш со прстите,
да го погребаш во рацете,
ќе беше повеќе од доволно,
свиен си околу самиот себе и губиш контрола врз мислите,
молчиш како ѕвер и му се восхитуваш на сиот тој бол,
таков,
повеќе од доволен,
целиот од магла испреден,
во тоа сиво мртвило во кое исчезнуваш,
без капка жар и чиста пепел,
години и години,
во заборавот на чувствата,
собрани во уште една апокалиптична ноќ,
која доаѓа.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: MATEJA and Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Немоќ од бог

Чекам,
веќе предолго,
заробен во времето,
еден среќен ден,
и не знам,
дал ќе изгрее,
со радост да ме опие,
сонам,
малку љубов,
и знам,
никогаш,
не ќе ме допре,
со твоите прсти од пастел,
молам,
о не,
јас знам,
да постојам без свеќи,
горам,
допирам,
о да,
се ќе уништам,
и заборавам,
дека болам,
имам се,
и дно,
и небо,
се ќе помине,
само ти не,
тивка и недостижна,
ми врескаш во мислите,
во крвта ја зариваш,
сета таа немоќ,
немоќ од бог.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
За непознатиот човек

Така е драг овој непознат човек во мене ничиј,
поради сите ликови,
кои доаѓаат и заминуваат,
застануваат и одминуваат,
тажен кога мора да престане,
со облаци да ја затвори таа тешка карпеста порта,
и поклопи,
денови во интеракција со емоциите нечии и ничии,
црни зададени и бели однегувани,
кога ќе затрепери часовникот во одредено време,
да понесе ново златно бреме,
и донесе сончева глазба во сонот што ја разбираш,
ја зборуваш без да знаеш,
и не можеш да ја дофатиш со очите,
како ветер минува низ тебе и ти дава форма на формата,
жичан инструмент од симфониска дарма,
од која истекуваат сјајни солзи врз мечот зариен во душата,
да не сетиш болка,
во ноќ од ѕвезди кои згаснуваат,
врз цвет натопен од чист дожд,
да пресече нов лист за нов ден,
синергија со сиот нематеријален свет,
така е нем овој непознат човек во мене сечиј,
не знам дал пак ќе се врати некогаш,
како потреба,
како казна за слепи очи,
за сета невиделина.

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MATEJA and Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ти простувам за се,
покрај се,
иако не сум бог,
твојата душа нека биде полесна,
во еден поубав свет,
е се што одсекогаш посакував,
јас одамна завршив со себе,
јас сум ноќ,
не постојам ниту за мене ниту за тебе,
и никогаш нема да има вистина,
во тоа што сме јас и ти,
а што сме,
една иднина,
неветена,
од восочни фигури,
кои се топат во нечија свеќа запалена,
со молитва силна,
за туѓа среќа и иднина,
во која не се пронајдовме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris* and Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Секаде суводолици,
а толку твои дождови,
никаде живи солзи,
безимени сме,
мртви сме о боже,
слушни не,
помилувај не,
со ноќи бели сатенски,
не сатански,
изгубени сме,
пронајди не,
севишен,
возвиши не,
дај ни мудрост,
без икони,
и празни верувања,
услиши не,
и претвори го овој свет,
во река од која,
се напиваат ангелите твои,
да го избришат нашето постоење,
и земјата врз која некогаш,
ти одеше,
која ја заборавивме,
без окови,
кои ти ни ги даруваше.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris* and Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Таинствени мени

Едно утро сонливо,
разбуди жена со благослов од чувства,
и денот и подари ден пред неа,
како мираз за убави очи.
Едно сонце го зема таа во рацете,
и косата ја изми со него,
да изгори срце,
машко,
до солзи.
Една квечерина ја клекна на колена,
да се поколеба,
и паметува сама,
да оживее со умот,
усни машки,
со здив темен,
последен.
Една ноќ раѓаше ѕвезди,
и ветерот ги разнесе во соништа,
но утрото не разбуди,
жена со чувства паметни,
како да е тоа нејзина вечна игра,
на кршење и спојување,
срце и усни,
во таинствени мени,
создадени од ангелска прашина.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Тивка ноќ,
претивка во модриве дамари,
крвари срцето во неа,
со цветни трња,
нерасцветани,
и посакува да може,
да му припаѓа само на едно срце,
како и многуте што припаѓаат,
без да знаат,
но тоа е небо,
светло и темно,
за светли и темни очи,
среќни и тажни солзи,
не,
тоа не може да постои за една ѕвезда,
е месечина,
за волчји рани,
една,
без восхитувања,
кандило е,
со оган од молитви за спас,
за згаснати души,
изгубени во друмска прашина,
и е бледо,
и не бара сказалки за неговите отчукувања преклопени,
во оваа ноќ безгласна,
со патоказ некому,
сокрива соништа за него,
во нечии очи,
умешно сокриени,
во загубени погледи.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Xenia

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Играјќи со најсуровата игра на љубовта,
бесцелно,
сега ја демнам ноќта,
и во неа барам миризливи коси,
да ме заспијат на меки облаци,
во тие црни очи,
да ме издадат и оживеат барем за миг,
а се распослале и тие во бледи одари на темното небо,
како да не е мое,
како да не сум јас се што некогаш бев,
како да е нечија фантазија,
која разгорува свод од темјани,
низ кој поминав без сеќавања,
за убави спомени.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Со празни очи одам по светот,
да не речам талкам и се издадам пред срцево,
твоите да ги пронајдам,
и не гледам ни тага ни среќа,
ниту една румена боја,
да еден поглед оживее како никој,
што го бои сонцето,
кога ноќта ќе пресече во градиве,
и меко ме свратува до најблиската таверна,
уморен од сите тие чекори залудни,
да заборавам кој сум и што сум,
и сите тие анонимни зборови,
кој извираат во мене,
за тебе,
и не ми пречи да се опијам без срам,
да добијам уште еднаш,
по не знам кој пат,
крилја од пеперутка,
со кои ти слетувам на коси,
во сонот,
со насмевка да те разбудам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris* and Prashina