Имав и јас некогаш среќни утра,
без тебе така одамна,
да би сега ноќта станала се што имам во џебовите,
сошиени со ѕвездите кои паѓаат,
како што неискусното срце ја претвора љубовта во омраза,
ги растреперувам одарите на потсвеста,
да би го допрел непознатото,
во кое не умееше ти со мене,
тој твој недостиг не помислив ни во дното да го осудам,
знам да се запрашам понекогаш,
да не беше твојата маска од желби обоена,
ќе ја допревме ли вечноста,
во која не знаеше да постоиме,
секако го уби поетот во мене,
да ме направиш попривлечен за други очи,
да заборавам на тебе.