Ваша поезија

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Пред тебе потоп
по тебе сонце,
со тебе виножито.
Пред тебе молк,
по тебе збор,
со тебе збор во молкот.
Пред тебе перница
со празни соништа,
по тебе полна грст спомени
со тебе љубов.
Пред тебе осојница,
по тебе зраци светлина,
со тебе и осојницата е убава.
Пред тебе црни облаци,
со тебе го видов небото над нив,
по тебе јас чекор до тебе.
Пред тебе зајдисонце,
по тебе изгрејсонце,
со тебе и двете ги сакам.
Пред тебе празни ноќи,
со тебе полни месечини во нив,
по тебе созвездие од нас.
Пред тебе мртвило во мене,
со тебе ново раѓање,
по тебе живот со тебе.
Пред тебе небиднина
со тебе парче иднина,
по тебе пак ти.
 
Последна промена:

Xenia

Староседелец
4 април 2016
68
87
1,018
Narnia
Откажи се навреме,
мојата ноќ
е подолга од твојот сон.
Можам да го поделам,
патот до утрото,
на неколку залаци блискост,
но денот го втасувам,
секогаш сама,
на работ од зората,
сеуште гладна,
со очи полни мрак.
vpyCPNnhrT.png
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar and Prashina

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Тешко е исчекувањто,
кога стрелките на часовникот се заглавени
некој час по полноќ,
а срцето отчукува толку копнежи и посакувања,
од кои дури телото боли кога крвта струи низ вените,
во неа ти толку силно жубориш,
и ми ја разгоруваш жедтта за тебе,
а толку сакам да ја згаснам твојата која од очите ти извира,
кои голтаат толку вистини и ги кријат длабоко во сржта,
да не би ги виделе сите тие живи а мртви во душите,
а твојата и во маглата јас можам да ти ја прочитам,
како што читам книга под светлината на свеќата,
чиј пламен му пркоси на мракот,
а врз него паѓа прав од моите прсти,
кои ги будат заспаните поети во ноќта,
заборавени на полиците низ вековите,
но кои имаат и минато и иднина,
а ние една убава сегашност,
со која полека го веземе работ на иднината,
совршен во своите неправилности,
како и моиве зборови од чувства преточени,
само тебе во ноќва значајни.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Сонив една песна,
без зборови,
радосна и росна,
не стигнав да ја запишам на дланкиве,
таа птица одлетена,
со пркосна цврстина,
разнишана,
што бега во планините,
да се спаси,
ден за ден со тоа ладно оружје во неа,
сама во тие гори да талка,
и избега,
од себе да се најде себе си,
како да се состави таква создадена,
не може да ја победи,
невидливата која ја следи,
ја скројува кометно да согори,
во се што не и е потребно,
никаде толку ликови како во неа,
со секој здив еден по еден и го одзима крикот,
ја враќа назад,
да не биде среќна,
ниту тажна,
рамнодушно болна на тие две крилја,
на кои немее слепа покрај сета таа убавина,
да не ја погледне каква што е,
да боли за неа без љубов напишана,
нешто лична,
ништо залудна,
така малку потребна,
во чувствата,
кон сонцето.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina, Iris* and Xenia

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Мојата песна не е поубава од ноќта,
ако квечерината не ја пеплосаш со твојата жед,
мојот чекор не е чекор,
кој одминува каде стоиш ти,
ако не те сонив,
како ќе продолжев,
без тој белег љубовен,
што остана да твори од срцево,
кон тебе и за тебе,
зарем можев,
никогаш да не те сретнам,
знам,
се баравме подеднакво,
а можеби и се одминавме некаде во денот, незнаејќи,
случајно да се препознаеме во очите,
и видиме барем малку среќа,
да преживееме,
таму горе високо,
највисоко,
каде затреперува една волшебна светлина,
во која живеам со твоите мисли од ѕуница,
можеби тоа и не сме ние,
можеби вакви разделени и ние трепериме некому,
таму некаде од другата страна на таа длабока темнина,
давајќи им верба да продолжат,
јас нејзе,
ти нему,
но сме исти во таа несоница,
која немаше да постои,
да не бев толку далечен јас,
а толку недостижна ти.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris* and Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Една целина

На секој човек му даваш по нешто,
што му е потребно,
и никогаш не си размислувал зошто го правиш тоа,
потсвесно,
продолжува тој,
продолжуваш ти,
и така до бестрага,
на некој начин тоа личи на разделба,
но дали е тоа така кога тој продолжува со нешто твое,
а и ти го правиш тоа со нешто негово што си го земал без тој да знае,
доволно е само да значи некому твоето постоење,
како и за тебе неговото,
тоа беше невозможно во моето его,
од кое остана само неповратно ехо,
но што е вистината,
иста што и лагата,
вистината е сокриена,
а сепак постои,
лагата постои да ја открие вистината,
кога тие две ќе се спојат,
претставуваат една целина,
да го живееш мигот со сите твои доблести,
како што сите сме ние доблестни,
понекогаш сокриени,
без разлика кои сме, што сме и каде сме,
тоа е мојата вистина,
која лагата ја сокриваше,
но како ќе ја спознаев ако не постоеа и двете,
ако не те запознав тебе и себе,
поделивме и се збогувавме,
и тука нема ништо љубовно,
љубовта е цел,
по која тргнале многу и никогаш не ја пронашле,
јас и ти знаеме зошто,
денеска утрото мириса поинаку,
очиве гледаат поинаку,
зборовите дишат и му пркосат на времето,
ја втасувам квечерината,
да ја почувствувам како утрото,
едноставна филозофија на животот,
и тоа што мене ме радува,
со усни прегризани,
завршувам со поезијата,
со тие зборови пронајдени во мене,
од тука почнуваат тие скапоцени,
до тука ми беше потребна,
а можеби и никогаш повеќе,
важен е мигот во кој не верував,
не минатото и иднината,
се некако почна на крајот од летото,
за да заврши на почетокот на летото,
и претстави уште една целина,
патување од крајот кон почетокот,
за да почне уште еден крај од почеток,
и сета таа целина сега,
е некако мила на некој начин.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Така е лесно да одбереш,
да напишеш нешто,
гребејќи со прстите врз асфалтот по кој не чекориш,
кој не води никаде,
да го згаснуваш срцето со секој ден,
додека друго умира,
да сонуваш сон,
кој друг не го одсонувал,
да си непоправлив и сменет со годините,
да си сенка во сенка,
на нечиј гроб,
во кој сонцето те пресликало,
некако,
да не чувствуваш тага ни среќа,
додека другите плачат и се радуваат,
ете така е лесно,
кога на очите ти навираат солзи,
а душата не дава да се излиат низ брчките,
така е тоа кога не живееш поинаку,
кога си се што не требаше да бидеш,
ова не се само зборови,
не се ни преточени во стихови,
ова е само уште една ноќ без ѕвезди,
никому спомнати.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Xenia

Xenia

Староседелец
4 април 2016
68
87
1,018
Narnia
Време е да ги спуштиме маските,
евтини приказни,
никогаш не ми биле потребни,
се препознаваат реките,
што се сливаат во една,
бранот од метафори,
го растури песочниот замок,
во кој требаше да се вселиме,
ти со твоите спомени,
јас со моите,
за да го превртиме песочниот часовик,
да тече од несреќни кон среќни времиња,
не верувам дека ќе сфатиш,
дека сам си беше ѕвонар,
на сопственото испраќање,
во тажен заборав,
но ова е театар,
а во него мртвите оживуваат,
доволно се само неколку мига,
да се постави новата сцена,
во неа ти повторно ќе бараш пријатели,
А јас,
таква сум,
ќе бидам тука за тебе,
зашто гревовите постојат,
за да бидат заборавени.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar and corki

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Една по една капките на прозорот се редат исто како солзите на моето лице..
Дждот, овој силен порој денес ми е најверен пријател..
Ми студи, тој ме грее..
Лице венее
Око не се суши
Душа боли..
Се проколнувам и пеам
Што те нема, што те нема..
И пофторно дождот, тој верен пријател свири за мене..
И веќе ме нема,
Се занесов..
Заминав..
Сама..
Срушена..
Расплакана..
Твоја а ничија..
Да.. Немоќна силуета без допири,
Згужвани усни без бакнежи..
Плачи небо, да плачеме заедно.
Ти, јас .. Засекогаш
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: corki and Xenia

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Помеѓу денот и ноќта
што сум и која сум,која е мојата цел,
помеѓу месечината и сонцето
се враќам,
но каде,кај кого,
помеѓу сонот и јавето
ти ли си,
но не си сам,
помеѓу ѕвездите и прашината
ги барам очите твои
со нив да ги видам
заводнички ли се или само силуети
помеѓу љубовта и гордоста
наоѓам сила
да ги сопрам
да загосподарат во нашата соба
што сеуште дише со звуците на страста,
мириса на моите последни чекори,
ги гледам трагите
од моите боси стапала
и сеуште го чувствувам
студот од последното утро.
И се буди страста моја,
поривот да љубам
да бидам љубена,
да победам.
Подај ми рака
и почуствувај ја моќта
на разиграната месечина
во позлатеното езеро
каде се размножуваат
убавината и сласта
на немирните движења.
Повторно заедно
да го пречекаме утрото
слушајќи ги акордите на славејот
спласнува болката од искушението
маските веќе ги нема
сега сум твоја
а ти си само Мој.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar