Кога ми требаш себично
Има нешто во тебе,
што ме потсетува на мене,
во кое не сакам да верувам,
а така е магнетно заводливо,
ко невино перо жедно за небесно мастило,
за кое немаш одговор напишан,
со дланките врз потни стакла,
знаев,
без да ми кажеш било каква причина,
твојата мелодија од зборови ми е премногу блиска,
и притиска во денот по некоја мисла,
можеби затоа што се познаваме од некое минато,
во кое живеевме со исти соништа,
за сега да се сретнеме повторно,
кога ми требаш себично,
во сонот,
кој со меч го раздели од ноќта,
да ме разбудиш во него,
за да те видам во погребната поворка на моето срце,
полно со бледа вистина,
грдо и жигосано,
на кое му пријде и го бакна такво,
од толку,
само ти,
му даде крилја сончеви,
и канџи надежни,
да ја вратат сета сила на мелодијата во мене,
почиста и подлабока,
да те пронајде несебично,
кога ќе ти затреба.
Има нешто во тебе,
што ме потсетува на мене,
во кое не сакам да верувам,
а така е магнетно заводливо,
ко невино перо жедно за небесно мастило,
за кое немаш одговор напишан,
со дланките врз потни стакла,
знаев,
без да ми кажеш било каква причина,
твојата мелодија од зборови ми е премногу блиска,
и притиска во денот по некоја мисла,
можеби затоа што се познаваме од некое минато,
во кое живеевме со исти соништа,
за сега да се сретнеме повторно,
кога ми требаш себично,
во сонот,
кој со меч го раздели од ноќта,
да ме разбудиш во него,
за да те видам во погребната поворка на моето срце,
полно со бледа вистина,
грдо и жигосано,
на кое му пријде и го бакна такво,
од толку,
само ти,
му даде крилја сончеви,
и канџи надежни,
да ја вратат сета сила на мелодијата во мене,
почиста и подлабока,
да те пронајде несебично,
кога ќе ти затреба.
Последна промена: