Има ноќи ѕвездени,
налик на оваа залутана,
под небото персијско запишани,
во кои постојам мрачно,
во времето безвремено,
и не можам да го сопрам егото,
сино,
што жолтее ноемвриски во мене,
во есенски реквием,
и гори врз градиве вулкански,
растопени под кандилото безбожно,
во нив се гледам себе си,
така далечно и себично,
семоќно и силно,
газејќи ја својата крв,
жеден и повампирен,
од стиховите на превер и мајаковски,
распорен во крикот на архангел,
архангеле.
налик на оваа залутана,
под небото персијско запишани,
во кои постојам мрачно,
во времето безвремено,
и не можам да го сопрам егото,
сино,
што жолтее ноемвриски во мене,
во есенски реквием,
и гори врз градиве вулкански,
растопени под кандилото безбожно,
во нив се гледам себе си,
така далечно и себично,
семоќно и силно,
газејќи ја својата крв,
жеден и повампирен,
од стиховите на превер и мајаковски,
распорен во крикот на архангел,
архангеле.
Последна промена: