Ако поразговарам за мојата љубовна состојба, како и секој ordinary human ќе ми рече или да менам друга или па јбг ти си крив, што и во суштина јас сум крив што си дозволив толку многу да се заљубам во една личност.
Пошто како и секоја човечка креатура е со предности и маани, јас како almost perfect human creature и го "покажав" мојот свет како живеам и дали би сакала да ми даде шанса, за која јас би се трудел да биди среќна. И реков, дека ми е прва што вака сум се заљубил и дека ќе правам се да и е убаво, ако неа и е убаво, мене x2.
Единствено што мразам и би сакал да го почитува е да не ме лаже и да не касни.
Второто го почитуваше, а првото очигледно не.
Ми е жал што испадна дека не е толку специјална како што јас ја гледав и доживував, и нема никогаш да ме заборави до кои крајности одев до самиот крај за да ја спасам врската.
Штета, голема штета, што не е таа што ми се прикажа.