Бeсмислен живот

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Абе не ти е точен преводот.
Се вртиме во круг полека со сето ова.
Точниот превод е тој што го напишав.
Перфектно го владеам германскиот и затоа и ти кажувам.

""Во моментот кога човекот ќе почне да се сомнева во смислата и вредноста на животот е болен".

Тоа е преводот.

Ти преведе нешто сосема друго.
Те цитирам:
"Моментот во кој мажот ја доведува во прашање значењето и вредноста на животот, тој е болен."
И тој превод не е точен.
И што сакаш да ми кажеш сега?
Не те разбирам.

А тумачењето.
Можеби само поминуваш низ таков период и ја наоѓаш смислата.
Но ако не ја најдеш смислата на животот значи дека си сеуште во тој период и тоа е тежок период за психата.
Тоа е знак на депресија.
Ти реков тоа не мора да значи ако си си го поставил тоа прашање површно онака од зафрканција.
Фројд и не се занимавал со површни прашања.
Но ако навистина не наоѓаш смисла на животот немаш ни воља за живот.
Размислуваш песимистички.
Исто и прашањата:Кој сум јас?
Знак на почеток на тежок период од животот.
Самоспознавање.
Навлегување во длабочините на себеси.
Или ќе излезеш како победник од сето тоа со јасни одговори,
или ќе пропаднеш без излез.
Трето нема.
Фројд се занимавал со сите тие мисли и во своите книги и цитати ги опишува анализите и значењета на истите кои се поврзани со психата и човечкиот развој.
Фала што ми појасни со што се занимавал Фројд...“појма немав“ :)
А овде ќе прекинам да те цитирам и да ти реплицирам зашто да, се вртиме во круг ...ако сметаш дека ти е точен преводот ок...
Само преводот што ти го напиша искрено воопшто не звучи и не личи на Фројд...ама како и да...
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Фала што ми појасни со што се занимавал Фројд...“појма немав“ :)
А овде ќе прекинам да те цитирам и да ти реплицирам зашто да, се вртиме во круг ...ако сметаш дека ти е точен преводот ок...
Само преводот што ти го напиша искрено воопшто не звучи и не личи на Фројд...ама како и да...
Повели и другпат нема на што:)
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Животот сам по себе е бесмислен.
Живеењето и те како не е бесмислено.

Животот е бесмислен се додедека не почне да се живее истиот.

Што ќе ви е живот ако не го живеете како ви е волја? Како да го живеете тој ваш живот?
Ете некој претходно кажа: САМОСПОЗНАВАЊЕ!
Сето друго е философија и бладање и трошење време, и сето тоа нема да не направи ни за зрнце песок подобри и поизживеани утре во однос на денес :)

Твојот живот не е мој и твоето живеење никако не е исто со моето - не барајте смисла на животот и живеењето од други... Сето тоа е бесмислено за Вас :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Abraxas

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Не постои бесмислен живот.Дури и бесмислените работи (како што ги нарекуваме) за некого имаат смисла :) Секој си ја дава сам смислата на животот...
 

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
29
Животот е смислен, замисла која постојано егзистира без некаква смисла/безсмислено. WE EXIST FOR NOTHING! Исто како што планетата меркур кружи најблиску околу сонцето, се пржи од неговата горештина, без ниту еден сателит. :) Само егзистира, можеби создавајќи рамнотежа за на Земјата да има живот... смислен, ама без никаква смисла... се што правиш е џабе и да дава плод, тој плод е залуден - барем во материјалното доба.